Предавање на акредитивните писма од страна на новоименуваната амбасадорка на Република Колумбија за Република Северна Македонија

22 јануари 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, oствари разговор преку видео-врска со Карменца Харамиљо Гутиерез, новоименувана амбасадорка на Република Колумбија за Република Северна Македонија, со седиште во Будимпешта, по повод предавањето на акредитивните писма, кои поради пандемијата на Ковид-19, ги достави по писмен пат.

Упатувајќи честитки за назначувањето на функцијата, претседателот Пендаровски изрази увереност дека ангажманот на новоименуваната колумбиска амбасадорка ќе даде значаен придонес за јакнење на билатералната соработка меѓу двете држави која е на задоволително ниво, но со потенцијал за развој во областите од заеднички интерес.

Претседателот ја истакна добрата соработка меѓу двете земји на мултилатерално ниво и подвлече дека во следниот период е потребно да се регулира билатералната правна рамка, особено во областа на економијата, која ќе биде од корист за двете држави, а во насока на јакнење на целокупната економска соработка.

Двајцата соговорници разменија мислења за актуелната состојба со Ковид-19, како и за преземените мерки за справување со пандемијата во двете држави.

Претседателот Пендаровски нагласи дека амбасадорката на Колумбија ќе има целосна поддршка, посакувајќи и успех во извршувањето на одговорната должност.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Ученици од ООУ„7 Марси“ од Липково и од ООУ „Љубен Лапе" од Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска се сретнаа и поразговараа со претседателот Пендаровски за неговата работа, за претседателските надлежности и активности. [gallery...

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на завршната регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ – Гласно и храбро ги поместуваме границите“. Конференцијата е во...

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска заедно со Дорис Шмидауер, сопруга на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен коишто престојуваат во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска во Канцеларијата на...

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен, во рамки на официјалната посета на австрискиот претседател на Република Северна Македонија, денеска се обратија на Македонско-австрискиот економски форум „Зајакнување на деловните односи меѓу...

Претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Во рамки на официјалната посета на сојузниот претседател на Република Австрија на Република Северна Македонија, претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св....