Претседателот Пендаровски: Потребно е кревање на свесноста за постоењето на дезинформациите и нивните ефекти

11 февруари 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на завршната конференција на проектот „Информации против Дезинформации: Градење на отпорност кон дезинформациски практики во пост-ковид опкружување во Северна Македонија“, во организација на Евро-Атлантскиот Совет на Северна Македонија, поддржан од Секторот за јавна дипломатија на НАТО.

Во своето обраќање, претседателот Пендаровски оцени дека како конзументи на огромен број информации што брзо се појавуваат во нашето секојдневие, немаме ниту време, ниту можност да процениме дали содржината што ја читаме е проверена и точна или е можеби дезинформација која свесно или несвесно погрешно ја информира јавноста, а со тоа, како што рече поткопува некои од темелите на демократијата како систем.

Од сите досегашни истражувања на темата, според претседателот Пендаровски, се потврдува дека дезинформациите најчесто не се наивни и случајни, туку се производ на еден планиран и организиран пристап кон одредена тема.

Намерите, според претседателот Пендаровски, најчесто се на долг рок и систематски да се манипулира јавноста со пласирање на погрешни информации, полувистини, извртени факти, или комплетно фабрикувани вести, со крајна цел, да послужи на интересите и целите на одредени државни и недржавни ентитети кои имаат свои, специфични агенди.

„Темата за дезинформациите, потребата за кревање на свесноста за нивното постоење и нивните ефекти, го заслужува нашето полно внимание и како општество и како држава. Пандемијата конкретно ни покажа какви проблеми можат да предизвикаат дезинформациите. На глобално ниво, не само кај нас, таканаречената инфодемија ја заостри јавната дебата по ова прашање, ја намали ефективноста на мерките за справување со пандемијата, го зголеми колебањето на луѓето во однос на вакцинирањето и конечно, ја постави сцената за појавата на најневеројатни конспиративни теории на заговор, за биолошки војни кои треба да го намалат светското население, за наводно чипирање и контрола преку вакцините од страна на светски центри на моќ и многу други“, рече претседателот Пендаровски.

Како држава која неодамна стана членка на НАТО и очекува да почне преговори за членство во Европската Унија, рече претседателот Пендаровски, во време на пандемија се справувавме и со организирана кампања за дезинформирање која имаше за цел да го сврти јавното мислење наспроти евроатлантските организации со интензивна употреба на квази аргументи дека тие организации наводно не ѝ помагаат на Северна Македонија во време на пандемијата.

„Целта на оваа хибридна стратегија беше јасна – со поткопување на довербата во НАТО и во ЕУ, граѓаните да почнат да размислуваат за некои други алтернативи, кои, наводно би биле многу поподготвени да ни помагаат во секое време“, рече претседателот Пендаровски.

Според претседателот Пендаровски, зајакнувањето на отпорноста кон дезинформациите е комплексна задача, затоа што, како што оцени, треба да изградиме системска, но и лична отпорност кон нив. Тоа, според претседателот, можеме да го постигнеме само преку блиска соработка меѓу државните институции, образованието, граѓанските организации и медиумите.

„Државните институции го прават својот дел од работата за превенирање или намалување на штетите од дезинформациите и хибридните активности врз политичкиот систем, особено сега користејќи ги механизмите кои ни стојат на располагање и како членка на НАТО, но, како општество имаме потреба и од повисоко ниво на медиумска писменост и едуцирање за дезинформациите во нашите основни и средни училишта“, рече претседателот Пендаровски.

Претседателот Пендаровски посочи и на потребата за подобри услови за професионално и независно работење на медиумите што подразбира имплементација на најдобрите европски практики во областа. Исто така, според претседателот Пендаровски, потребно е поддршка и за саморегулаторните механизми во медиумската сфера, и особено, на платформите за проверка на фактите.

„Колку повеќе ги сузбиваме дезинформациите, толку повеќе придонесуваме за објективна дебата за сите прашања, и со тоа, ја јакнеме демократијата како политички систем кој е во најдобар интерес на нашите граѓани“, рече претседателот Пендаровски во обраќањето.

 

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се...

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“...

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во рамки на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов (1923 – 1982)“, што се одржува под негово покровителство во соработка со УНЕСКО. Воедно,...

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз оствари средба со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле. На средбата се разговараше за севкупната соработка на Република Северна Македонија со УНЕСКО, во контекст на 30-годишнината од нашето членство во...