Обраќање на конференција во чест на 85 годишнината од раѓањето на професорот Ѓорѓи Марјановиќ

28 мај 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на конференцијата „Разговори со Ѓорѓи Марјановиќ“, организирана во чест на одбележувањето 85 години од раѓањето на професорот Ѓорѓи Марјановиќ, кој почина во 2022 година.

Говорејќи за професорот Марјановиќ, таа го нарече првото перо на југословенското кривично право, совест на правниот факултет и на општеството и луциден интелектуалец кој имаше чиста совест и критички став за секое општествено и политичко прашање.

Претседателката Сиљановска Давкова посочи дека за прашањето поврзано за името, професорот Марјановиќ укажуваше на апсурдноста на спорот.

„Осврнувајќи се на именувањето кон нас, велеше дека е несфатливо како може едно име да се користи на беџот, друго на столчето, трето во документите, четврто во говорната практика и велеше дека дискриминацијата не може да се практикува од Советот на Европа и дека некои нешта едноставно не се бранат“, рече во обраќањето претседателката.

Таа додаде дека професорот Марјановиќ и во надворешната политика бил остар и не поднесувал двојни стандарди кон македонскиот случај и велел дека треба да се стави крај на предрасудите кон Балканот.

Претседателката истакна дека Марјановиќ отсекогаш укажувал на европските вредности, бил проевропски ориентиран, осврнувајќи се на негов труд од 1999 – та година, во којшто тој велел дека Македонија е 100 светлосни години далеку од правната држава и декa сѐ додека законите важат за едни, но не и за други, Европа нема да не прими без оглед на тоа колку убави закони прават владите на хартија.

Неговата политичка и животна цел, рече претседателката, беше од Македонија да направиме пристојно место за живеење и тоа го промовираше и во програмата на Лигата за демократија.

„Пристојно место за живеење е правната држава, заштитените слободи и права на човекот и граѓанинот, ограничена власт, значи силни институции, а не силни поединци, бидејќи која и да дојде власт треба да функционира државата“, рече  претседателката Сиљановска Давкова.

Таа додаде дека всушност професорот Марјановиќ ги промовирал Копенхагенските критериуми, како врвен приоритет на македонската држава, во време кога тоа не било официјално утврдено како Копенхагенски критериуми.

Конференцијата на тема: „Како Македонија може да стане пристојно место за живеење“, е во организација на фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“ и Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

За време на денешниот настан беа промовирани книгите „Собрани стручни трудови“ од Ѓорѓи Марјановиќ и „Разговори со професорот Ѓорѓи Марјановиќ“ од Бранко Секуловски.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова прими претставници на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и на Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН

Сиљановска-Давкова прими претставници на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и на Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и на Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН, со коишто разговараше за актуелните предизвици во областа на заштитата на животната средина....

Проштална средба на претседателката Сиљановска-Давкова со американската амбасадорка Агелер

Проштална средба на претседателката Сиљановска-Давкова со американската амбасадорка Агелер

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска на проштална средба ја прими амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Прајс Агелер. Обете уште еднаш потврдија дека двете земји, како долгогодишни сојузници,...

Средба на Сиљановска-Давкова со реномираните музички уметници Гарабет, Диран и Гаро Тавитјан

Средба на Сиљановска-Давкова со реномираните музички уметници Гарабет, Диран и Гаро Тавитјан

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими реномираните музички уметници Гарабет, Диран и Гаро Тавитјан. Навраќајќи се на богатото музичко творештво коешто го имаат зад себе, тие со претседателката ја споделија иницијативата за проектот „7/8 -...

Сиљановска-Давкова присуствуваше на свечената божествена литургија во Соборниот храм во Скопје

Сиљановска-Давкова присуствуваше на свечената божествена литургија во Соборниот храм во Скопје

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод одбележувањето на Христовото раѓање – Божиќ, присуствуваше на Архиерејската Златоустова литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, со којашто чиноначалствуваше архиепископот охридски и македонски,...

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Божиќ, упати честитка до граѓаните кои го прославуваат денот на Христовото раѓање, до архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прима, господин господин Стефан и до...