Пендаровски: Мора да креираме стратегии за различните сценарија кои не очекуваат во годините пред нас

20 април 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на првата од серијата онлајн обуки на тема „Предвидување и размислување за иднината при создавањето на политики“ во рамките на проектот „Миграциска политика и општествен дијалог базиран на докази во Република Северна Македонија“.

Оваа серија на обуки е иницијатива промовирана од Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), Меѓународната организација за миграција (ИОМ) и Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА), во соработка со Меѓуресорското тело за развој и спроведувањена на Миграциската политика за 2021-2025, под координација на Канцеларијата на постојаниот координатор на ОН за Северна Македонија.

Во своето обраќање, претседателот Пендаровски истакна дека миграциите историски имале клучно место во политичкиот, демографскиот и економскиот аспект на живеењето во нашата држава. Покрај традиционалната економска миграција и одливот на голем број македонски граѓани, рече претседателот Пендаровски, во последниве неколку години сме сведоци на интензивни миграциски процеси и како резултат на воени и безбедносни кризи.

Претседателот Пендаровски посочи на воениот конфликт во Сирија во 2015/2016, кога нашата држава беше транзитна рута за милиони бегалци, што, според него, сериозно ја наметна дилемата за нашите капацитети за справување со миграциските бранови.

„Тогаш стекнатите искуства ја наметнаа потребата од нови законски решенија, преструктуирања и системска подготовка на институциите за справување со идните предизвици. Меѓутоа, најбитната лекција која се надевам дека ја научивме сите ние е дека не треба да чекаме кризите да дојдат, туку, да бидеме постојано мобилен и подготвен за справување со нив и да се работи на креирање на политики кои ќе ги антиципираат случувањата, не само во поглед на миграциските политики, туку и во останатите сегменти кои се со нив поврзани“, рече претседателот Пендаровски.

Претседателот Пендаровски го најави и скорешното објавување на стратешкиот документ МКД2030, кој акцентира повеќе меѓузависни теми и области, од дигитализацијата, децентрализацијата и демократизацијата, преку еколошки, економски, аграрни и здравствени политики, сè до образованието, науката и миграциските политики, вклучително и борбата против масовното иселување на младите и депопулацијата, и го посочи неговото очекување документот да биде преточен во Национална развојна стратегија за периодот до 2041-та година, а нејзините компоненти фазно да бидат соодветно имплементирани.

Според претседателот Пендаровски, живееме во време и во свет во кој работите брзо се менуваат и каде што безбедносните, политичките, но и низа други фактори како што се квалитетот на живот, здравата околина, климатските промени, влијаат врз миграциските процеси.

„Знаеме дека не е ни малку лесно да се антиципираат идните случувања, но, мора да креираме стратегии за различните сценарија кои не очекуваат во годините пред нас“, рече претседателот Пендаровски.

Тој истакна дека соработката и заедничкиот пристап за решавање на глобалните проблеми се неопходни доколку сакаме да постигнеме резултати и политиките да заживеат во пракса.

„Воениот напад на Русија во Украина покажа колку е фрагилен мирот на нашиот континент и колку малку е потребно за избувнување на нова безбедносна, хуманитарна и миграциска криза. Имајќи го предвид фактот дека Република Северна Македонија географски е дел од простор со неколку отворени геополитички прашања, на кој сеуште постои потенцијал за конфликти, не можам, а да не го подвлечам значењето на нашето членство во НАТО алијансата што ни дава соодветни безбедносни гаранции. Ова е најдобрата потврда за исправноста на евроатлантскиот курс за што донесовме тешки, но визионерски одлуки. Во истата насока, и процесот на евроинтеграциите не само за нашата, туку и за сите земји од регионот добива дополнително на значење и токму затоа императив е и за нас и за Европа тој да се придвижи и конечно, заокружи“, рече претседателот Пендаровски во своето обраќање.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...