Претседателот Пендаровски: Најдобар начин да ја осигураме демократијата е преку образованието и образовните политики

1 април 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на конференцијата „Вклучување на политичкото образование во образовниот систем.“

Во своето обраќање, претседателот Пендаровски порачa дека демократијата не треба да биде привилегија на само една генерација граѓани, туку траен систем на уредување на општеството и политиката за многу генерации во иднина.

 „Во таа насока, убеден сум дека најдобар начин да ја осигураме демократијата е преку образованието и образовните политики“, порача претседателот, додавајќи дека градењето на идните генерации на демократи мора да биде неизоставен дел од нашиот образовен систем. „ Старо правило е дека за да опстои, на демократијата и требаат демократи, а демократите не се раѓаат, туку се создаваат низ сложени професионални и животни процеси“, истакна претседателот Пендаровски.

Претседателот посочи дека демократијата во светот, а особено во транзиционите општества се наоѓа во егзистенцијална опасност, и дека ваквите тенденции се посебно видливи кај младата популација.

Во обраќањето, претседателот се осврна на актуелните предизвици со кои се соочува светот, пандемијата и руската агресија врз Украина.

„Оваа војна е спротивна на целокупниот меѓународен правен и политички поредок и отвора прашања за иднината на меѓународната заедница. Сликите што ги гледаме од Украина не враќаат во мрачното минато на тоталитарниот свет и се спротивни на се во што верувавме и се боревме после крајот на Студената војна “, рече претседателот Пендаровски.

Според него, сите овие околности ја оптоваруваат нашата дневнополитичка агенда уште повеќе и влијаат врз оформувањето на ставовите на нашите најмлади полнолетни сограѓани, кои имаат право на глас и право да бидат политички активни.

Поради тоа, додаде претседателот, учениците треба да имаат можност да се образуваат со цел да знаат како да донесат информирана политичка одлука. „Како да направат разлика меѓу демократските политички идеологии од една и радикализмот и тоталитарните идеологии од друга страна. Помеѓу легалната и легитимна демократска политичка борба од една страна и борбата против демократијата и слободата од друга. Меѓу вестите и вистината и дезинформациите и пропагандата. Меѓу вистината и лагата, меѓу борците за слобода и непријателите на слободата“, рече претседателот.

 За таа цел, истакна претседателот Пендаровски, иницираме поширока општествена дебата за модалитетите на вклучување на демократското политичко образование во нашиот формален образовен систем.

„За оваа иницијатива сметам на поддршката на сите институции, а пред се, на Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, на академските институции, на професорите во училиштата и на ученичките организации, на граѓанските здруженија и на синдикатите во образованието. Очекуваме поддршка и од власта и од опозицијата бидејќи сметаме дека обезбедувањето на демократскиот поредок е натпартиска задача што ги надминува сите наши линии на поделби. Доколку ние, како креатори на јавните политики, не ја преземеме иницијативата, тогаш нашите деца и внуци ќе бидат средство за манипулација во рацете на манипулаторите и радикалите. Сите сме свесни дека во политиката не постои празен простор и затоа е подобро ние да го пополниме, а не непријателите на слободата“, истакна претседателот Пендаровски во своето обраќање.

На конференцијата свои излагања имаа министерот за образование и наука,  Јетон Шаќири,  претседателот на Програмскиот совет на Претседателскиот центар за политичко образование, професор на Правниот факултет при УКИМ и советник на претседателот, Александар Љ. Спасов,  домашни и странски професори,  како и претставници од владини организации, граѓанскиот сектор и меѓународни фондации.

Конференцијата е во организација на Претседателскиот центар за политичко образование, a поддржана од Фондацијата за демократија на Вестминстер.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Ѓоргиевска: Потребна е зголемена будност и грижа за менталното здравје на жената без разлика на нејзината возраст, положба и статус.

Ѓоргиевска: Потребна е зголемена будност и грижа за менталното здравје на жената без разлика на нејзината возраст, положба и статус.

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше и се обрати на панел дискусијата „Здравјето не е само физичко -Ти ја имаш силата“ што се одржа во организација на НЕОКОРТЕКС - Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација. Во своето...

Сопругата на претседателот учествуваше на настанот „Едуцирај, ангажирај се, еманципирај: Панел-дискусија за превенција на адолесцентна бременост“

Сопругата на претседателот учествуваше на настанот „Едуцирај, ангажирај се, еманципирај: Панел-дискусија за превенција на адолесцентна бременост“

 Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше на настанот „Едуцирај, ангажирај се, еманципирај: Панел-дискусија за превенција од адолесцентна бременост“ што се одржа во Eвропска куќа, Скопје. ...

Отворен Кабинет за ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје

Отворен Кабинет за ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје

Во рамки на Отворен Кабинет, ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје, денеска го посетија Кабинетот на претседателот Пендаровски. За време на престојот, се сретнаа и...

Обраќање на претседателот Пендаровски на одбележувањето на 30 години од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост

Обраќање на претседателот Пендаровски на одбележувањето на 30 години од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на настанот со кој се одбележува 30-годишнината од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост.  Почитуван директор на Државниот завод, Почитувани...

Претседателот Пендаровски се обрати на одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Франција

Претседателот Пендаровски се обрати на одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Франција

Претседателот Стево Пендаровски се обрати на приемот, што по повод 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Француската Република, се одржа вчеравечер во Скопје. Претседателот Пендаровски оцени дека...