Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на косовскиот парламент, Коњуфца

15 декември 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на официјалната посета на Република Косово, денеска оствари средба со претседателот на Парламентот на Република Косово, Глаук Коњуфца.

На средбата беа разменети мислења за развојот на билатералните односи и притоа беше изразено задоволство од пријателската соработка којашто се одвива преку отворен и динамичен дијалог.

Двајцата соговорници нагласија дека воспоставувањето на чести и директни контакти ќе се одрази позитивно на релациите меѓу двете држави во политичката, економската и безбедносната сфера. Во тој контекст беше констатирана и конструктивната интерпарламентарна соработка, како и заложбата за нејзино натамошно унапредување во насока на реализација на споделените надворешно политички цели и приоритети, членството на двете држави во Европската Унија.

Претседателот Пендаровски и претседателот на Парламентот на Република Косово, Коњуфца, разговараа и за севкупните процеси на регионален план и оценија дека заедничкиот влог во добрососедските односи, е значаен придонес за стабилноста, безбедноста и просперитетот на целиот регион.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се...

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“...

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во рамки на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов (1923 – 1982)“, што се одржува под негово покровителство во соработка со УНЕСКО. Воедно,...

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз оствари средба со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле. На средбата се разговараше за севкупната соработка на Република Северна Македонија со УНЕСКО, во контекст на 30-годишнината од нашето членство во...