Претседателот Пендаровски ја посети „Костал Македонија“ во Охрид

23 септември 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Охрид ја посети фабриката „Костал Македонија“, дел од германската групација „КОСТАЛ“ за производство на делови и компoненти за автомобилската индустрија.

За време на посетата претседателот Пендаровски беше запознаен со производствените капацитети, со актуелните проекти, идните бизнис насоки и инвестициски проекции на компанијата.

Во разговорот со генералниот директор на „Костал Македонија“, Виктор Мизо, претседателот беше информиран дека низ технолошки развиен, напреден и високо софистициран процес фабриката произведува и делови коишто се вградуваат во најмодерните електрични и хибридни возила.

Претседателот Пендаровски беше запознаен дека компанијата придонесува и на домашен план, поттикнувајќи личен развој и задржување на младите и стручни кадри во земјата. Претседателот Пендаровски разговараше и со млади инженери кои посетуваат тренинг во „Костал Македонија“.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Отворен кабинет со ученици од САД на размена во земјава во рамки на програмата Yes abroad

Отворен кабинет со ученици од САД на размена во земјава во рамки на програмата Yes abroad

Во рамки на активноста Отворен кабинет денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од САД кои се на размена во земјава како дел од програмата Yes abroad на Американски совети за меѓународно образование – Северна Македонија. [gallery...

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за Радио Слободна Европа

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за Радио Слободна Европа

Понижувачки е да се слушаат критиките кои доаѓаат од САД и ЕУ, но тие претходно направија стратешка грешка и го заборавија Западниот Балкан и овие директни критики доаѓаат дури сега, вели во интервју за Радио Слободна Европа, претседателот Стево Пендаровски. Тој...

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, 3 јуни 2023 година, на покана на турските власти, во Анкара присуствуваше на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Претседателот Стево Пендаровски честитајќи му го новиот...

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Стево Пендаровски денеска, по повод отворениот ден, го посети средното училиштето на Град Скопје „Цветан Димов“. Претседателот имаше можност да се запознае со условите во...