Средба на претседателот Пендаровски со членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

28 јануари 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими претседателката на Комисијата за спречување и заштитa од дискриминација, Весна Бендевска и членови од комисијата.

На средбата претставниците на комисијата го запознаа претседателот Пендаровски со нивната тековна работа, досегашното постапување по поднесени претставки, промоција на човековите права и елиминирање на сите видови дискриминација.

Претседателот Пендаровски ја истакна важноста на работата на комисијата во насока на превенција и заштита од дискриминација, а во функција на остварувањето на човековите права и слободи. Тој додаде дека е потребно да се користат механизмите кои ги нуди Законот за спречување и заштита од дискриминација кој овозможува поширока основа за превенција и заштита на граѓаните. Тој ги поздрави напорите на Комисијата за подигање на јавната свест, информирање и едукација на граѓаните за видовите на дискриминација со кои се соочуваат, како и понудената поддршка од страна на Комисијата за превенција и заштита од дискриминација.

Претставниците на комисијата го информираа претседателот Пендаровски за тековните предизвици во нивната работа, неопходноста од обезбедување на поголема финансиска независност на институцијата и потребата од кадровско јакнење на комисијата.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција “, којашто се одржа во соработка со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Армен Григорјан, а во пресрет на претстојниот...

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Стево Пендаровски, на церемонија во Кабинетот на претседателот, денеска го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година. Признанието се доделува како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во нашата држава. За Најдобра...

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Под покровителство на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска и во соработка со Сојуз-Национален совет за родова рамноправност, денеска се одржа панел-дискусија на тема „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“,  по повод кампањата „16 дена активизам...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“ којшто се одржа во рамки на чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, иницијатива под покровителство на Претседателот. [gallery...

Обраќање на претседателот Пендаровски по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука

Обраќање на претседателот Пендаровски по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука -  22 ноември и 115. годишнината од одржувањето на конгресот во Битола, каде беа поставени темелите за стандардизација на албанскиот јазик. [gallery...