Претседателот Пендаровски се сретна со мешовитиот стручен тим за конзервација и реставрација во црквата „Св.Ѓорѓија“ во с. Курбиново

29 септември 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја посети црквата „Св. Ѓорѓија“ во с.Курбиново кадешто се одвива првата фаза од проектот за конзервација и реставрација на ѕидното сликарство во ентериерот на црквата којашто е ставена под заштита како културно-историски споменик.

Претседателот Пендаровски се запозна со тековните активности за конзервација и реставрација на ѕидното сликарство во црквата при што, во разговорот со мешовитиот конзерваторски тим од земјава и од Грција, претседателот беше информиран дека во месец мај започнала реализацијата на непосредната заштита од нивна страна со што завршило обезбедувањето на живописот, се направиле проби за малтерисување на ѕидните површини со отпаднато ѕидно сликарство, а бил започнат и процесот на инјектирање и консолидација на малтерните подлоги за носачот на ѕидното сликарство.

Поздравувајќи ги активностите за конзервација и реализација на ѕидното сликарство во црквата „Св.Ѓорѓија“ позната по најстарото сочувано ѕидно сликарство кое претставува несекојдневен пример на византиската уметност од крајот на 12. век, претседателот Пендаровски истакна дека реализирањето на овој проект е значаен за заштитата на културното наследство на нашата земја.

Проектот за конзервација и реставрација на ѕидното сликарство на оваа црква се реализира како повеќегодишен проект на Министерството за култура на Република Северна Македонија. Учество во реализацијата на проектот има мешовит стручен тим од земјава и од Грција за што е потпишан Меморандум за соработка со Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици од Солун, Република Грција. Носител на проектот е НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Битола.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Отворен Кабинет за ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје

Отворен Кабинет за ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје

Во рамки на Отворен Кабинет, ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје, денеска го посетија Кабинетот на претседателот Пендаровски. За време на престојот, се сретнаа и...

Обраќање на претседателот Пендаровски на одбележувањето на 30 години од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост

Обраќање на претседателот Пендаровски на одбележувањето на 30 години од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на настанот со кој се одбележува 30-годишнината од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост.  Почитуван директор на Државниот завод, Почитувани...

Претседателот Пендаровски се обрати на одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Франција

Претседателот Пендаровски се обрати на одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Франција

Претседателот Стево Пендаровски се обрати на приемот, што по повод 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Француската Република, се одржа вчеравечер во Скопје. Претседателот Пендаровски оцени дека...

Отворен кабинет со ученици од Програмата за младински лидери од маргинализирани заедници

Отворен кабинет со ученици од Програмата за младински лидери од маргинализирани заедници

Во рамки на активноста Отворен кабинет денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од средните училишта: СУГС „Шаип Јусуф“, СУГС Марија Склодовска Кири и СУГС Лазар Танев коишто учествуваат во Програмата за младински лидери од маргинализирани заедници, чија...

Обраќање на претседателот Пендаровски на Отворениот форум за антикорупција

Обраќање на претседателот Пендаровски на Отворениот форум за антикорупција

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на дводневниот Отворен Форум за антикорупција организиран од Македонскиот центар за меѓународна соработка, а во рамки на Програмата Граѓаните против корупцијата и Програмата Регионалната мрежа за...