Средба на претседателот Пендаровски со Илхан Кјучук, известител за Република Северна Македонија во Европскиот парламент

17 февруари 2021 | Средби

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Илхан Кјучук, известител за Република Северна Македонија во Европскиот парламент.

На средбата беа разменети мислења за напредокот на државата во контекст на аспирациите за членство во Европската Унија, а во пресрет на усвојувањето на Резолуцијата на Eвропскиот парламент за Извештаите на Европската комисија за Северна Македонија за 2019 и 2020 година, подготвена од известителот Кјучук.

Претседателот Пендаровски изрази благодарност за контиунираната силна поддршка од Европскиот парламент за процесот на проширување, како и за ангажманот на известителот Кјучук.

На средбата претседателот Пендаровски оцени дека резолуцијата на ЕП е важен документ кој треба да ја одрази реалната слика за постигнатите реформи и политичката ситуација во земјата, како и да посочи на прашањата на кои треба да се фокусира државата во следниот период.

Претседателот Пендаровски го повтори очекувањето за скорешно одржување на првата меѓувладина конференција, со што ќе се означи официјалниот почеток на пристапните преговори со ЕУ.

Отпочнувањето на преговорите, според претседателот Пендаровски, ќе биде дополнителен мотив за понатамошно спроведување на неопходните реформи. Билатералните прашања, според претседателот Пендаровски, треба да се решаваат во духот на добрососедството и на европските вредности.

На средбата беа разменети мислења и информации и за актуелните состојби во државата и во поширокиот регион.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска заедно со Дорис Шмидауер, сопруга на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен коишто престојуваат во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска во Канцеларијата на...

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен, во рамки на официјалната посета на австрискиот претседател на Република Северна Македонија, денеска се обратија на Македонско-австрискиот економски форум „Зајакнување на деловните односи меѓу...

Претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Во рамки на официјалната посета на сојузниот претседател на Република Австрија на Република Северна Македонија, претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св....

Прес-конференција на претседателите Пендаровски и Ван дер Белен: Австрија е докажан пријател на регионот

Прес-конференција на претседателите Пендаровски и Ван дер Белен: Австрија е докажан пријател на регионот

Во рамки на официјалната посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен на Република Северна Македонија, претседателите Пендаровски и Ван дер Белен одржаа заедничка прес-конференција. Во продолжение е интегралниот текст од изјавата на...

Церемонија со највисоки државни и воени почести – претседателот Пендаровски го пречека сојузниот претседател на Австрија, Александер Ван дер Белен

Церемонија со највисоки државни и воени почести – претседателот Пендаровски го пречека сојузниот претседател на Австрија, Александер Ван дер Белен

На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателот Стево Пендаровски денеска го пречека сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, кој во придружба на неговата сопруга, Дорис Шмидауер, престојува во официјална посета на...