Претседателот Пендаровски во посета на Делчево во рамки на проектот „Лице в лице со Претседателот“

6 септември 2021 | Лице в лице со претседателот, Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на проектот „Лице в лице со Претседателот“ денеска го посети Делчево.

За време на посетата, претседателот Пендаровски присуствуваше на промоцијата на книгата „Мојот влог за Македонија“ 2 тома, од проф. д-р Трајан Гоцевски, настан организиран во рамки на одбележувањето на 7 Септември, Денот на ослободувањето на Делчево и 8 Септември, Денот на независноста на македонската држава.

Во рамки на чествувањето, на претседателот Пендаровски му беше врачено признание од општина Делчево за посебен придонес во борбата со огнената стихија во Пијанец и за развојот на Република Северна Македонија.

Во Делчево, претседателот Пендаровски го посети претпријатието АД „Фротирка Компани“, каде беше запознаен со производствените активности на компанијата, шест-децениската традиција во нивната работа, како и плановите за натамошна модернизација на производството. Според претседателот Пендаровски, радува фактот што компанијата, која е со 100% македонски капитал, 90% од своето производство го извезува на странските пазари.

Во Градскиот парк на Делчево претседателот Пендаровски се сретна со најдобрите ученици од СОУ „Методи Митевски-Брицо” – најдобрите матуранти од училиштето и со првенци на генерацијата од основните училишта во општината, кои во неформален разговор ги претставија своите планови за натамошното образование. Претседателот Пендаровски им посака успех во идните ангажмани.

 

 

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба со преставници на Лајонс дистрикт 132 – Северна Македонија и меѓународниот претседател  на организацијата, Брајан Шихан

Средба со преставници на Лајонс дистрикт 132 – Северна Македонија и меѓународниот претседател на организацијата, Брајан Шихан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Брајан Шихан, претседател на Меѓународната асоцијација на Лајонс клубови и претставници на Лајонс дистрикт 132 Северна Македонија, по повод 25-годишнината од нивната работа во нашата држава. [gallery...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Азербејџан за Република Северна Македонија, со седиште во Белград, Камил Касијев. На свечената церемонија на предавање...

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Ученици од ООУ„7 Марси“ од Липково и од ООУ „Љубен Лапе" од Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска се сретнаа и поразговараа со претседателот Пендаровски за неговата работа, за претседателските надлежности и активности. [gallery...

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на завршната регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ – Гласно и храбро ги поместуваме границите“. Конференцијата е во...

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска заедно со Дорис Шмидауер, сопруга на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен коишто престојуваат во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска во Канцеларијата на...