Претседателот Пендаровски во посета на Гевгелија во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“

25 јануари 2023 | Лице в лице со претседателот, Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја посети општина Гевгелија во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“.

За време на престојот, претседателот Пендаровски го посети новоизградениот објект на општинската организација на Црвен крст која ги опфаќа териториите на општините Гевгелија, Богданци и Дојран. На средбата со стручната служба и волонтерите тој беше запознат со нивните програмски приоритети и активности со фокус на социјално-хуманитарната и здравствено-превентивната дејност, крводарителството, дисеминацијата, првата помош и младите.

Во Црвен крст Гевгелија, претседателот се сретна со д-р Михајло Баламовски, првиот трансфузиолог во регионот и автор на монографијата „За крводарителството, Црвениот крст и хуманоста во Гевгелија и Гевгелиско“, а разговараше и со Никола Ќириќ, крводарител од 1974 година со повеќе 100 дарувања и со најмладата волонтерка, 14 годишната Мартина Ангелкова.

Упатувајќи честитки за континуираната висока мотивираност на општинската организација, претседателот изрази задоволство од солидарноста и одговорноста на сите вклучени во хуманитарните активности придонесувајќи за добросостојбата во нашето општество.

Во ЈОУ Дом на култура – Гевгелија претседателот Пендаровски оствари средба со претставници на НВО Changemakers4all, кои го информираа за актуелните проекти, како и со предизвиците со коишто се соочуваат во остварувањето на нивните цели, пред се, насочени кон заштита на животната средина, туристичката промоција, развојот на земјоделството и слободата на говор.

Претседателот Пендаровски изрази задоволство што здружението обединува граѓани со различни полиња на интерес, насочувајќи ги нивните знаења и капацитети кон развој на колективна свест, како клучен предуслов за поттикнување позитивни процеси во средината во која што живеат.

Во Гевгелија претседателот Пендаровски ја посети Мартина Стојчевска, сопственик на бизнис за организација на настани, декорирање и изработка на подароци. Младата претприемачка ги сподели своите искуства за неговото основање во исклучително специфични услови наметнати од пандемијата. Претседателот Пендаровски упати честитки за креативноста и успешната бизнис приказна, основана со помош на грант од Програмата за самовработување, реализирана од Министерство за труд и социјална политика и Агенција за вработување со поддршка од УНДП.

Во ЈОУ Работнички Универзитет „Кирил и Методиј“ претседателот Пендаровски ја разгледа колекцијата на графичката колонија „Гевгелија“, основана во далечната 1980 година, како единствена од ваков вид на територијата на поранешна Југославија. За време на посетата, претседателот разговараше со уметникот Атанас Крстов за значењето на графичкиот израз, како и за сложениот процес на создавање на ваквите дела.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски се обрати на Светскиот самит за климатски активности во рамки на COP28

Претседателот Пендаровски се обрати на Светскиот самит за климатски активности во рамки на COP28

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени - COP28 која се одржува во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, денеска се обрати на Сегментот на високо ниво на Светскиот самит за климатски активности....

Средба на претседателот Пендаровски со претседателката на Европската банка за обнова и развој, Одил Рено-Басо во Дубаи

Средба на претседателот Пендаровски со претседателката на Европската банка за обнова и развој, Одил Рено-Басо во Дубаи

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Дубаи, за време на неговото учество на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени - COP28, оствари средба со претседателката на Европската банка за обнова и развој, Одил Рено-Басо. ...

Средби на претседателот Пендаровски на маргините на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени – COP28 во Дубаи

Средби на претседателот Пендаровски на маргините на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени – COP28 во Дубаи

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на учеството на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени – COP28 во Дубаи оствари кратки средби со британскиот крал Чарлс Трети, со кралот на Јордан Абдула Втори, со претседателката на Република Словенија Наташа...

Средба на генералниот секретар на Кабинетот на претседателот со заменик – министерот за надворешни работи на Јапонија

Средба на генералниот секретар на Кабинетот на претседателот со заменик – министерот за надворешни работи на Јапонија

Генералниот секретар на Кабинетот на претседателот Миле Бошњаковски, денеска прими делегација предводена од заменик – министерот за надворешни работи на Јапонија, Јоичи Фуказава, којашто престојува во земјава по повод учеството на Министерски совет на ОБСЕ. [gallery...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на отворањето на Светскиот самит за климатски активности во рамки на COP28

Претседателот Пендаровски присуствуваше на отворањето на Светскиот самит за климатски активности во рамки на COP28

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, присуствуваше на отворањето на Светскиот самит за климатски активности, што се одржува во рамки на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени - COP28. [gallery...