Претседателот Пендаровски во посета на Струга и Охрид во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“

2 септември 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“ денеска ги посети Струга и Охрид.

Во Струга, претседателот Пендаровски го посети едриличарскиот клуб „Снегар“, каде беше запознаен со севкупните активности на клубот, што покрај тренинзи за спортско едрење, опфаќаат и бродоградба и изработка на модели за едрење. Членовите на клубот го запознаа претседателот Пендаровски и со нивните учества на домашни и меѓународни натпреварувања.

Претседателот Пендаровски изрази признание за ентузијазмот со кој раководството и членовите на клубот ја одржуваат традицијата на едриличарство во Струга. На членовите на клубот им посака успех во идните активности.

Во Охрид, претседателот Пендаровски имаше средба со хроничарот Здравко Тупаре и фотографот Петар Боев.

Тупаре го запозна претседателот Пендаровски со неговото неодамна издадено дело „Пловните објекти и веслањето низ историјата на Охридското езеро и пошироко во Македонија“. Претседателот Пендаровски истакна дека заложбите на Тупаре за промоција и развој на водените спортови и севкупно неговата љубов кон езерото, кои ги искажува и во деветтата деценија од животот, треба да бидат поттик за младите генерации да се занимаваат со водените спортови.

Боев, пак, пред претседателот Пендаровски го претстави своето долгогодишно фотографско творештво, во кое главен мотив е Охрид и Охридското езеро. Дел од неговите дела се содржани во публикацијата „Охрид – на брегот на вечното езеро“. Претседателот Пендаровски истакна дека уникатното творештвото на Боев треба да послужи како предизвик за сите фотографи да продолжат да ги овековечуваат моментите преку своите објективи.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Меморандум за соработка за доопремување на Центарот за цистична фиброза при ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата, Козле, Скопје

Меморандум за соработка за доопремување на Центарот за цистична фиброза при ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата, Козле, Скопје

Под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, а по иницијатива на сопругата на Претседателот, г-а Елизабета Ѓоргиевска, Амбасадата на Народна Република Кина во земјава обезбеди финансиски средства кои ќе бидат донирани на Министерството за здравство за...

Средба со припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија

Средба со припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, денеска прими делегација на истакнати припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија. На средбата присуствуваа Џелал Хоџиќ,...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во Република Северна Македонија. Почитувани, Дозволете ми, во мое лично име и во името на граѓаните на Република Северна...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Република Куба

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Република Куба

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Куба во Република Северна Македонија, Мариета Гарсија Хордан. На свечената церемонија на предавање на акредитивните...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Грузија

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Грузија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Грузија за Република Северна Македонија, Отар Бердзенишвили. Во обраќањето на свечената церемонија претседателот Пендаровски изрази очекување дека амбасадорoт со...