Претседателот Пендаровски ја посети компанијата ,,Везе Шари” и општина Пласница

4 март 2024 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на проектот „Лице в лице со Претседателот“ денеска во селото Требош, Општина Желино ја посети компанијата „Везе шари“.

За време на посетата, претседателот Пендаровски беше запознаен со тековната работа на компанијата, која годишно произведува над 30 милиони јајца и располага со 120 илјади кокошки и 60 илјади пилиња. Раководството на ,,Везе Шари” посочи дека произведуваат и месо, мелено месо и преработки од пилешко и говедско месо под брендот „Лекер“, а во рамки на компанијата функционира и постројката за производство на биогас и електрична енергија „Електро Шари“.

Компанијата има широко распостранета дистрибутивна мрежа, и покрај пласманот на домашниот пазар, врши извоз на јајца, месни и сувомесни производи во земјите од регионот и во Европската Унија.

Додадена вредност на компанијата е постројката „Електро Шари“, која произведува 1 мегават на час електрична енергија, односно 8.760.000 киловат часови годишно, како и 8.000 тони органско ѓубриво годишно. Како суровина се користи отпадот и нус-производите од фармата, како и другиот отпад од земјоделство, со што се позиционира како една од водечките компании во искористувањето на обновливи извори на енергија.

Денеска, претседателот Пендаровски ја посети и општина Пласница и се сретна со Идает Карамалески, лице со оштетен вид. На средбата претседателот Пендаровски и Карамалески разговараа за животните предизвици и потешкотиите со кои, како лице со попреченост, се соочува секојдневно. Во оваа насока претседателот Пендаровски ги реафирмираше неговите заложби за унапредување на положбата на лицата со попреченост и истакна дека нужно е конечно да се создадат услови за активно учество на овие луѓе во сите општествени текови.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...