Претседателот Пендаровски во посета на општина Чашка

7 март 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“ денеска ги посети селата Теово, Богомила и Горно Врановци во општина Чашка.

Во Теово на претседателот Пендаровски му беше претставен јаворот за којшто се претпоставува дека е посаден во 15 век, претставува симбол на селото и едно од најстарите дрва во земјава. Претседателот беше информиран дека поради староста и спецификите, донесено е решение ова платаново стебло да биде прогласено за природна реткост, под надлежност на општина Чашка и беше запознаен со мерките што се преземаат за заштита, ревитализација и одржување на јаворот. Во разговорот со локалните жители беше посочено дека овие раритетни стебла, покрај како споменик на природата, имаат и културно-историска вредност создавана низ вековите, којашто секоја генерација има обврска да ја сочува.

Претседателот Пендаровски имаше можност да поразговара со жителите на Теово и за секојдневниот живот во селото, за предизвиците со кои се соочуваат, и да ги слушне нивните размислувања за актуелните теми во државата.

Во селото Богомила претседателот Пендаровски ја посети спомен – куќата на познатиот македонски општественик, публицист и идеолог на револуционерното ослободително движење и еден од основачите на ТМОРО, Петар Поп Арсов. Од страна на историчарот и кустос Марин Клифов и директорот на Народниот музеј Велес, Ангел Коруновски, претседателот беше информиран дека во 1986 година, куќата е конзервирана и била поставена музејска поставка, а истата година е прогласена за културно наследство на државата. При разгледувањето на документираните записи, предмети и фотографии, беше истакнато дека покрај што претставува признание и чест за делото на македонскиот револуционер, спомен – куќата истовремено е важен сегмент во туристичките потенцијали на Богомила, поради што пред дваесеттина години е санирана и реконструирана, задржувајќи ја автентичната архитектура.

Во селото Горно Врановци претседателот Пендаровски ја посети Партизанската печатница „Гоце Делчев“, каде што е отпечатен првиот број на весникот „Нова Македонија“, Меморијалниот музеј на Президиумот на АСНОМ, како и Меморијалниот музеј на Главниот штаб на НОБ и ПО на Македонија. При посетата беше посочено дека петте спомен – куќи во Горно Врановци, кои претставуваат меморијални музеи, сведочат за значаен историски период од антифашистичката народноослободителна борба и неопходно е постојано подигање на свеста за одржување на автентичноста на објектите и зачувување на музејските поставки во нив.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...