Претседателот Пендаровски прими членови на детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ од Битола

24 април 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими членови на детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ од Битола, придружувани од Елена Хаџи-Антоновска, претседател, Славчо Неделковски, претседател на Управниот одбор и Томислав Стерјев, ликовен педагог на ликовното студио.

Претставниците на детското ликовно студио ја претставија својата работа и информираа за нивните редовни учества на речиси сите позначајни светски ликовни манифестации и детски меѓународни ликовни конкурси и се пофалија со постигнатите успеси – освоените голем број на вредни награди и признанија.

Раководителите на детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ информираа за историјатот и досегашната работа, како и за нивните планови во иднина, при што посочија дека ликовното студио од година во година ја проширува својата дејност и постигнува се позначајни успеси во својата работа. Како најголем успех го посочија организирањето на меѓународниот фестивал „Мал битолски Монмартр” со неговите придружни манифестации – меѓународната изложба на детски цртежи „Битола”, ликовните каравани, летните ликовни школи и др.

Претседателот Пендаровски, изразувајќи поддршка за работата на детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“, искажа задоволство од нивната успешна работа во препознавање и едукација на млади ликовни таленти од битолските основни училишта и предучилишни установи. Претседателот на младите битолски уметници им честиташе за посветеноста и креативноста, за вложените труд и љубов кон уметноста, посакувајќи им да останат на својата патека и да бидат позитивен пример за нивните врсници.

Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ во просек го посетуваат по 50 деца на возраст од 5 до 18 години, а зачленувањето се врши по пат на конкурс што се распишува на почетокот на учебната година.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Отворен Кабинет за основци од 3 скопски училишта и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје

Отворен Кабинет за основци од 3 скопски училишта и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје

Кабинетот на претседателот Пендаровски, во рамки на Отворен Кабинет денеска го посетија основци од училиштата „Мустафа Кемал Ататурк“, „Тихомир Милошевски”, „Гоце Делчев“, како и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје, посветено на едукативни активности за...

Сопругата на претседателот со најмладите во рамки на фестивалот „Литера“

Сопругата на претседателот со најмладите во рамки на фестивалот „Литера“

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера 2023“ што се одржува во Музејот на град Скопје. Во рамки на настанот, г-ѓа...

Средба на претседателот Пендаровски со Ден Шехтман, добитник на Нобелова награда за хемија во 2011 година

Средба на претседателот Пендаровски со Ден Шехтман, добитник на Нобелова награда за хемија во 2011 година

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Ден Шехтман, добитникот на Нобелова награда за хемија во 2011 година, кој престојува во посета на нашата држава во организација на Македонската академија на науките и уметностите и Сојузот на хемичари и технолози на...

Средба на претседателот Пендаровски со американскиот сенатор Крис Марфи

Средба на претседателот Пендаровски со американскиот сенатор Крис Марфи

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими американскиот сенатор Крис Марфи. На средбата се разговараше за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, за состојбите во поширокиот регион во контекст на руската агресија врз Украина, како и за аспирациите на...

Положување цвеќе по повод 24 Мај – Денот на Свети Кирил и Методиј

Положување цвеќе по повод 24 Мај – Денот на Свети Кирил и Методиј

Претставник од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, по повод одбележувањето на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј, денеска положи свежо цвеќе пред споменикот на светите Кирил и Методиј на плоштадот во Охрид и...