Делегациja од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, во состав полковник Билјана Блажеска, аѓутант на претседателот и Валентин Диневски, посебен советник за безбедност, по повод 21-годишнината од загинувањето на осум армиски резервисти кај месноста Љуботенски бачила, денеска положи цвеќе пред спомен-обележјата во општина Ѓорче Петров и во Волково, пред спомен-обележјето во село Љубанци и во касарната „Илинден“ во Скопје.

Порака од претседателот Пендаровски по повод 27 јануари, Меѓународниот ден за сеќавање на жртвите од Холокаустот
По повод 27 јануари, Меѓународниот ден за сеќавање на жртвите од Холокаустот, претседателот Стево Пендаровски ја испрати следната порака: Милионите жртви, неправди и ужасот од холокаустот нè потсетуваат на нашата заедничка историска одговорност да градиме демократски...