Средба на претседателот Стево Пендаровски со амбасадорот на Луксембург, Филип Донкел

6 април 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Филип Донкел, нерезидентен амбасадор на Големото Војводство Луксембург во Република Северна Македонија. На средбата се контатираше дека двете држави негуваат пријателски и партнерски односи и беше нагласена заемната определба за нивно унапредување и интензивирање во политичката, економската и културната сфера.

Соговорниците разменија мислења за македонските евроинтеграции, при што претседателот Пендаровски се заблагодари за гласната и принципиелна поддршка од Големото Војводство Луксембург за европската интеграција на Северна Македонија и на земјите од Западен Балкан.

Пендаровски посочи дека принципиелноста и посветеноста на Луксембург за пробивот на Северна Македонија на европскиот пат е навистина за почит. Тој ги поздрави напорите на Луксембург за почеток на повеќе од заслужените пристапни преговори со Унијата.

Претседателот Пендаровски и амбасадорот Донкел разговараа и за руската воена агресија врз Украина, во контекст на нејзиното влијание врз безбедносната состојба во Европа.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод празникот Свети Климент Охридски

Честитка од претседателот Пендаровски по повод празникот Свети Климент Охридски

Претседателот Стево Пендаровски, по повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Господин Господин Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима и до...

Ѓоргиевска: Потребна е зголемена будност и грижа за менталното здравје на жената без разлика на нејзината возраст, положба и статус.

Ѓоргиевска: Потребна е зголемена будност и грижа за менталното здравје на жената без разлика на нејзината возраст, положба и статус.

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше и се обрати на панел дискусијата „Здравјето не е само физичко -Ти ја имаш силата“ што се одржа во организација на НЕОКОРТЕКС - Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација. Во своето...

Сопругата на претседателот учествуваше на настанот „Едуцирај, ангажирај се, еманципирај: Панел-дискусија за превенција на адолесцентна бременост“

Сопругата на претседателот учествуваше на настанот „Едуцирај, ангажирај се, еманципирај: Панел-дискусија за превенција на адолесцентна бременост“

 Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше на настанот „Едуцирај, ангажирај се, еманципирај: Панел-дискусија за превенција од адолесцентна бременост“ што се одржа во Eвропска куќа, Скопје. ...

Отворен Кабинет за ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје

Отворен Кабинет за ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје

Во рамки на Отворен Кабинет, ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје, денеска го посетија Кабинетот на претседателот Пендаровски. За време на престојот, се сретнаа и...

Обраќање на претседателот Пендаровски на одбележувањето на 30 години од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост

Обраќање на претседателот Пендаровски на одбележувањето на 30 години од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на настанот со кој се одбележува 30-годишнината од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост.  Почитуван директор на Државниот завод, Почитувани...