Претседателот Пендаровски се обрати на затворањето на годинешниот самит на Македонија 2025

27 април 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на затворањето на годинешниот самит на Македонија 2025, што во изминатите два дена се одржа во Скопје.

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателот Пендаровски.

Почитувани претставници на Македонија 2025,
Почитувани гости,
Драги пријатели,

Имам особена чест и задоволство да ви се обратам на завршувањето на овогодинешниов самит на Македонија 2025. Овој традиционален настан секоја година ги собира лидерите, бизнисмените и инвеститорите, со цел, споделување на информации, искуства, знаења, вмрежување и меѓусебна соработка.

Имајќи ги предвид портфолијата на гостите кои доаѓаат од целиот свет, вооопшто не е изненадување што сведочевме на интересни дискусии на актуелни теми на практично сите тематски панели. И годинава и учесниците и гостите имаа единствена можност да се запознаат со економските случувања, можностите и потенцијалите за инвестирање, новите технологии, како и со иновативните и креативни бизнис решенија. Верувам дека како резултат на дводневната интензивна агенда во блиска иднина ќе посведочиме и на конкретна имплементација на проекти и иницијативи кои ќе бидат од полза за сите инволвирани.

Се разбира, самитот пред сè, е и извонредна можност за промоција на Република Северна Македонија како бизнис дестинација, отворена за инвестиции и примена на различни продуктивни бизнис модели и идеи. Уверен сум дека таа цел беше исполнета, како и интенцијата да се привлечат бизнисмените од дијаспората, се разбира, не само од патриотски и сентиментални причини, туку поради конкретни бизнис можности за инвестирање и остварување на профит.

Морам да истакнам дека, според мене, додадена вредност на годинашниов самит, што се случи практично уште пред официјалното отворање, беше доделувањето на нововостановеното Признание за придонес на припадниците на дијаспората, што има за цел да ги вреднува активностите на нашите луѓе во дијаспората кои индивидуално, или во рамките на нивните организации даваат значаен придонес кон економскиот и општествениот развој, образованието, научно-истражувачката работа, волонтерството, културата и уметноста во матичната држава и како што знаете први добитници на ова признание, сосема заслужено се Софи и Митре Кутановски.

Ви честитам уште еднаш!

Почитувани,

Живееме во динамичен свет кој, за жал, е разнишан од геополитички потреси, безбедносни и економски кризи, здравствени закани. Економијата, и на локално и на светско ниво е особено на удар и тоа има сериозни импликации врз нашето здравје и врз нашата благосостојба. Затоа ни треба посветеност, солидарност, соработка и креативност, за да обезбедиме стабилност и просперитет.

Македонија 2025 како една од најзначајните меѓународни организации формирана од припадниците на македонското иселеништво веќе 16 години посветено и систематски работи на поддршка на македонските граѓани и држава, низ различни форми и содржини.

Без дилеми, самитот како една од најзначајните активности на Македонија 2025, има особено значење и вредност за нашата бизнис заедница, експертите, но и воопшто за целата држава. И во оваа прилика би сакал да потенцирам дека високо ги почитувам и вреднувам активностите и заложбите на Македонија 2025. Вие сте организација која реално придонесува за блиски и продуктивни врски на Република Северна Македонија со својата дијаспора и ве охрабрувам да продолжите со истиот интензитет и во иднина.

Верувам дека ја добивате сета потребна поддршка од македонските државни институции, од локалната бизнис заедница и од целокупната македонска јавност која ги препознава вашите напори. Ефектите од вашата работа не може да се почувствуваат инстантно и да се проценуваат на краток рок, тие се долготрајни и поврзани и зависни од цела редица фактори. Очекувам анализите и евалуацијата на проектите и програмите да исфрлат конкретни показатели за постигнатите резултати и секако проекции за иднината.

На крајот дозволете уште еднаш да се заблагодарам на организаторите, учесниците и гостите на самитот. Верувам дека имавте пријатен престој во својата земја и дека се вложивте во еден навистина значаен настан. На сите ви посакувам, пред сè, добро здравје, среќа, бериќет и вгодина повторно да се видиме на самитот на Македонија 2025.

Ви благодарам.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција “, којашто се одржа во соработка со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Армен Григорјан, а во пресрет на претстојниот...

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Стево Пендаровски, на церемонија во Кабинетот на претседателот, денеска го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година. Признанието се доделува како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во нашата држава. За Најдобра...

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Под покровителство на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска и во соработка со Сојуз-Национален совет за родова рамноправност, денеска се одржа панел-дискусија на тема „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“,  по повод кампањата „16 дена активизам...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“ којшто се одржа во рамки на чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, иницијатива под покровителство на Претседателот. [gallery...

Обраќање на претседателот Пендаровски по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука

Обраќање на претседателот Пендаровски по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука -  22 ноември и 115. годишнината од одржувањето на конгресот во Битола, каде беа поставени темелите за стандардизација на албанскиот јазик. [gallery...