Претседателот Пендаровски ги додели признанијата „Македонски квалитет“ за 2022 година

23 декември 2022 | Обраќања, Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски, денеска го додели признанието „Македонски квалитет“ за 2022 година на десет претпријатија, кои дале значаен придонес во развојот на националната економија и нејзина промоција на меѓународно ниво.

Традиционалната манифестација е во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија, а под покровителство на претседателот Пендаровски.

Во согласност со воспоставените критериуми, добитници на годинашните признанија за „Македонски квалитет“ се компаниите „Слога Пром“, „Гео Мрежа“, „Дуна“, „Вита Нова“, „Рептил“, „Перпетуумобиле секјурити“, фирмата „Тримекс“ Скопје, винаријата „Бовин“,  хотелите „Климетица“ и „Маива“ и  иницијативата „Донирај компјутер“.

Почитувани членови на Сојузот на стопански комори,

Ценети присутни,

Дами и господа,

Чест ми е да бидам покровител на традиционалното доделување на признанието за Македонски квалитет. И годинава, десет успешни претпријатија од Република Северна Македонија заслужно ќе ја добијат оваа престижна награда што ја доделува Сојузот на стопански комори.

Утре, на 24 декември, се навршуваат 118 години од раѓањето на Џозеф Јуран, еден од најголемите популаризатори на концептот за квалитетот во производството и на самиот производот. Јуран е еден од првите кој зборувал за високата цена на нискиот квалитет. Според него, квалитетот на производот или услугата е најдобриот бизнис план кој една компанија може да го изработи. Освен што ја прави компанијата поконкурентна, повисокиот квалитет значи и помалку грешки и загуби во процесот на производството. Не случајно еден од неговите модерни почитувачи бил и Стив Џобс, кој сметал дека дел од неговата одговорност е да биде аршин на квалитетот, и дека за да биде успешна, компанијата треба да одржува амбиент на извонредност.

Меѓутоа, во време на економска и енергетска криза, висока инфлација и ценовни шокови, големо е искушението на компаниите да направат компромис. Некои да ги зголемат цените, а други да го намалат квалитетот на производите и услугите што ги нудат. Колку и да се понекогаш нужни, и двата пристапи можат да имаат негативни последици. Долгорочно гледано, и компаниите и клиентите плаќаат висока цена за нискиот квалитет на производот – компаниите поради загубите во производството, а клиентите поради загубената доверба.

Како и насекаде во светот, така и многу компании кај нас се наоѓаат во незавидна позиција. Да се инсистира на квалитет, и да се вложува во развој на својот потенцијал во кризни времиња претставува вистински подвиг, за што не е потребна само храброст, туку, пред сѐ, план и визија. Познато  е дека компаниите што истрајуваат на овој пат многу полесно и побрзо ги пребродуваат кризите.

Почитувани,

Денеска имаме вистинско задоволство да ги наградиме оние македонски брендови кои не правејќи компромис со квалитетот, остануваат доволно атрактивни и за клиентите и за потрошувачите.

Имајќи ја предвид сложената економска состојба, овие претпријатија не само што не отстапија од својата посветеност на квалитетот, туку со тоа придонесоа и за повисок економски раст, што е национален приоритет број еден. Овој приоритет подразбира зголемување на продуктивноста, подигнување на конкурентноста на економијата, масивно вложување во иновациите и технолошкиот развој и нови домашни и странски инвестиции. Многу од овие аспекти зависат токму од подготвеноста на секоја од компаниите да не отстапат од парадигмата на квалитетот и во кризни и во мирни времиња.

На крајот, дозволете ми, на сите добитници уште еднаш да им честитам за признанието, и да им посакам и ним, но и на останатите членки на Сојузот на стопански комори успешна и плодна работа во 2023 година.

Ви благодарам.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, 3 јуни 2023 година, на покана на турските власти, во Анкара присуствуваше на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Претседателот Стево Пендаровски честитајќи му го новиот...

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Стево Пендаровски денеска, по повод отворениот ден, го посети средното училиштето на Град Скопје „Цветан Димов“. Претседателот имаше можност да се запознае со условите во...

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на Македонскиот енергетски форум 2023, што се одржува во Скопје во организација на ЗИП Институтот, во партнерство со Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на ЕУ во Скопје, на тема „Подобрување на...

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од ООУ „Крсте Мисирков“ од Куманово. Посетителите имаа можност да се сретнат и да поразговараат со...