Средба на претседателот Пендаровски со италијанскиот претседател Серџо Матарела

26 мај 2021 | Средби

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Рим оствари средба со претседателот на Италијанската Република, Серџо Матарела.

На средбата, двајцата претседатели разговараа за билатералните односи меѓу Северна Македонија и Италија, при што нагласија дека двете држави имаат традиционално пријателски односи, со висок степен на разбирање и доверба.

Тие го истакнаа и одличниот и континуиран политички дијалог којшто може да придонесе за зајакнување на трговската и економската соработка.

Соговорниците разговараа за најновите случувања поврзани со почетокот на пристапните преговори на нашата држава за членство во Европската Унија, при што претседателот Пендаровски изрази задоволство од традиционалниот интерес и континуираната јасна и безрезервна поддршка на Италија во однос на нашите евроинтеграции.

Претседателите Пендаровски и Матарела констатираа дека интегрирањето на Северна Македонија и на земјите од Западен Балкан во Европската Унија е во интерес на регионалната безбедност и просперитет и порачаа дека е неопходно што поскоро одржување на првата меѓувладина конференција меѓу Европската Унија и Северна Македонија.

По средбата претседателот Пендаровски даде изјава за медиумите во која посочи дека имаме целосна поддршка од Италија, не само за Северна Македонија, туку за целиот Западен Балкан. Претседателот Матарела ќе се заложи евроинтегративните процеси да се интензивираат, рече претседателот Пендаровски по средбата со италијанскиот претседател.

Претседателот Стево Пендаровски, утре – 27 мај 2021 година, четврток, ќе има аудиенција кај Поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата светост Папата Франциск, а ќе оствари средба и со државниот секретар на Светата Столица, кардиналот Пјетро Паролин. Потоа, претседателот Пендаровски во базиликата „Сан Клементе“ ќе положи цвеќе на гробот на Свети Кирил, а во попладневните часови, претседателот Пендаровски заедно со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, ќе ја посетат базиликата „Санта Марија Маџоре“ и заеднички ќе оддадат почит на делото на Светите браќа Кирил и Методиј.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на претседателот Пендаровски со претставници на ЗНМ и на меѓународни новинарски и медиумски организации

Средба на претседателот Пендаровски со претставници на ЗНМ и на меѓународни новинарски и медиумски организации

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Здружението на новинари на Македонија, како и претставници на неколку меѓународни новинарски и медиумски организации. На средбата се разговараше за прашања поврзани со слободата на изразување и независноста...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Ангола

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Ангола

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Ангола во Република Северна Македонија со седиште во Будимпешта, Жозе Филипе. На церемонијата на предавање на...

Доделено признанието „Инженерски прстен 2023“ на 12 најуспешни дипломирани инженери

Доделено признанието „Инженерски прстен 2023“ на 12 најуспешни дипломирани инженери

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги врачи инженерските прстени на 12 најуспешни дипломирани студенти од македонските факултети што негуваат инженерски дисциплини. Манифестацијата „Инженерски прстен“, која традиционално е под покровителство на претседателот на...

Отворен кабинет со ученици од САД на размена во земјава во рамки на програмата Yes abroad

Отворен кабинет со ученици од САД на размена во земјава во рамки на програмата Yes abroad

Во рамки на активноста Отворен кабинет денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од САД кои се на размена во земјава како дел од програмата Yes abroad на Американски совети за меѓународно образование – Северна Македонија. [gallery...

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за Радио Слободна Европа

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за Радио Слободна Европа

Понижувачки е да се слушаат критиките кои доаѓаат од САД и ЕУ, но тие претходно направија стратешка грешка и го заборавија Западниот Балкан и овие директни критики доаѓаат дури сега, вели во интервју за Радио Слободна Европа, претседателот Стево Пендаровски. Тој...