Обраќање на претседателот Пендаровски на приемот по повод 21 Декември, Денот на наставата на турски јазик во организација на МАТУСИТЕБ

21 декември 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на приемот што по повод 21 Декември, Денот на наставата на турски јазик го приреди Сојузот на турски невладини организации во Македонија – МАТУСИТЕБ.

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателот Пендаровски.

Почитувани присутни,
Драги сограѓани,

Ми претставува голема чест да ве поздравам и да ви го честитам 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик. Им благодарам на раководството на Сојузот на турски невладини организации во Северна Македонија – МАТУСИТЕБ за поканата да ви се обратам на овој празник на турската заедница.

Една од првите одлуки на асномска Македонија, била да се овозможи настава на мајчин јазик за повеќе заедници, вклучително и за турската. Така, на денешен ден, во 1944 година започнала наставата на турски јазик во скопското училиште „Тефејуз“. Со оваа одлука беше ослободен клучниот креативен потенцијал на овој народ, преку чување на својот идентитет и развивање на својата култура да придонесува за општото добро. Набргу наставата се прошири и во другите краишта на државата каде што со векови живеат Турците, од Гостивар до Дојран, од Куманово до Охрид.

Но, корените на денешниов празник на турската заедница во Северна Македонија ѝ претходат не само на современата македонска држава, туку и на современата турска држава. Инаку, низ вековите, турската заедница во Македонија дала многу големи личности, меѓу кои најголемиот е основачот на модерна Турција – Мустафа Кемал Ататурк, чија семејна куќа се наоѓа во селото Коџаџик.

Годинава се одбележуваат 100 години од основањето на Република Турција и 95 години од јазичните реформи и воведувањето на новата турска азбука. Познато е дека последните години од својот живот, Ататурк ги посветил токму на реформите во образованието. Тој верувал дека од образованието зависи дали една нација ќе биде вистински независна и просперитетна или, пак, ќе тоне во зависност и сиромаштија. Тој велел: за да се одбрани државата е потребна армија, но, за да се одбрани слободата, потребно е образование. Затоа, слободното општество мора да биде образовано општество во кое секој ќе има еднаков пристап до знаењето.

Ататурк го споредувал добриот учител со свеќа што согорува за да им го осветли патот на другите. И навистина, со него започнува новата епоха во образованието на турски јазик што за кратко време доведе до масовно описменување на Турците, не само во Република Турција, туку и во дијаспората, вклучително и тука, кај нас.

Ценети присутни,

Големиот турски поет и филозоф Јунус Емре, рекол: „Дојдете да се запознаеме, да сакаме и да бидеме сакани. Овој свет нема да остане на никого“. Во овој повик ја препознаваме парадигмата на соживотот меѓу различните кои меѓусебно се почитуваат, наместо да се исклучуваат, а вредностите ги споделуваат, наместо да ги присвојуваат за себе.

Тоа што сме различни е наша најголема вредност. Секоја заедница, вклучително и турската, дава уникатен придонес кон изградбата и развојот на нашата заедничка татковина. Образованието пак на турски јазик придонесува кон одржување на турскиот идентитет, култура и традиција и со тоа кон збогатување на соживотот во македонското мултиетничко, мултијазично и мултирелигиско општество.

Наспроти предизвиците во образованието и во другите области, претставниците на турската заедница во Македонија даваат голем придонес во секоја сфера, во просветата, науката, здравството, уметноста и спортот. Некои од нив со гордост ја претставуваат нашата држава на меѓународните средби и натпревари. Затоа, државата мора да ги отстрани и последните пречки за нашите сограѓани Турци да можат без никаков проблем да го остваруваат ова основно човеково право на образование, за да се чувствуваат како целосно рамноправни граѓани.

Освен што со својата лојалност придонесува за поголема кохезија во македонското општество, турската заедница претставува и силна врска со пријателска Турција. А ефектите на тоа пријателство се одличните билатерални односи и заемната поддршка, бројните инвестиции, заедничките проекти, донациите во образованието, науката, здравството и културата.

Посакувам таа соработка да продолжи да се збогатува со нови содржини и во иднина.

Драги пријатели,

На самиот крај би сакал да му го честитам 20-годишниот јубилеј на МАТУСИТЕБ и да ви посакам многу успех во реализација на вашите визии. Ја користам оваа прилика, вам и на сите припадници на турската заедница да ви го честитам 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик. Нека е за многу години овој голем празник.

Eğitim bayramınız kutlu olsun!

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Заедничка иницијатива за климатска акција  – искуства од  28. Самит за климатски промени

Заедничка иницијатива за климатска акција – искуства од 28. Самит за климатски промени

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја посети лабораторијата за мерење на квалитетот на воздухот во рамки на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и учествуваше во дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција  - искуства од  28. Самит за климатски...

Претседателот Пендаровски го прими претседателот на Асоцијацијата Тим-40, Жарко Димитриоск

Претседателот Пендаровски го прими претседателот на Асоцијацијата Тим-40, Жарко Димитриоск

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Жарко Димитриоски, претседател на Асоцијацијата на млади претприемачи во Стопанската комора на Северна Македонија, Тим-40. Димитриоски го запозна претседателот Пендаровски со активностите на нивната асоцијација, како и...

Отворен Кабинет за основци од училиштето „Мирче Ацев“ и за  лица од Заводот за рехабилитација на деца и младинци

Отворен Кабинет за основци од училиштето „Мирче Ацев“ и за лица од Заводот за рехабилитација на деца и младинци

Кабинетот на претседателот, во рамки на Отворен кабинет, денеска го посетија ученици од ООУ „Мирче Ацев“ и лица од Заводот за рехабилитација на деца и младинци од Скопје. [gallery...

Средба на претседателот Пендаровски со писателката Оља Петрушевска Томева

Средба на претседателот Пендаровски со писателката Оља Петрушевска Томева

Претседателот Стево Пендаровски денеска во книжарницата „Сакам книги“ оствари средба со писателката Оља Петрушевска Томева. Истакнувајќи дека речиси и да нема сличност меѓу пишувањето и нејзината примарна професија...

Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на Црна Гора, Милатовиќ

Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на Црна Гора, Милатовиќ

Претседателот Стево Пендаровски на маргините на 60. Минхенска безбедносна конференција, вчеравечер оствари средба со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. На средбата, двајцата соговорници разменија мислења за севкупните билатерални односи, изразувајќи...