Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Молдавија

26 јануари 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Молдавија во Република Северна Македонија, Анатол Чебу, со седиште во Софија.

На церемонијата на предавање на акредитивните писма претседателот Пендаровски ги нагласи пријателските односи меѓу двете земји кои се карактеризираат со заемни заложби за нивно збогатување во сите области од заемен интерес додавајќи дека ја цениме заложбата и интересот за соработка во делот на евроинтегративните процеси и остварување на европските аспирации за полноправно членство во Европската Унија, како стратешки приоритети на нашите земји.

„Нашите очекувања се насочени кон одржување на првата Меѓувладина конференција што ќе го означи и официјалниот почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, со што ќе имаме можност да ја потврдиме нашата подготвеност за придвижување кон европската интеграција“, рече претседателот Пендаровски.

Претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија ќе биде активно вклучена во работата на тројката која претседава со Организацијата за безбедност и соработка на Европа, а веќе во 2023 година го презема претседавањето со оваа престижна организација, за што очекуваме плодна и интензивна соработка со сите пријателски земји во наредниот период.

Молдавскиот амбасадор истакна дека двете земји имаат одлични политички односи, што е потврдено не само со билатералните политички дискусии, туку и со конкретни факти додавајќи дека Молдавија е особено заинтересирана за македонското искуство во развивање на економските односи, привлекување инвестиции и промовирање на извозот.

„Во оваа област ќе ја забележам отвореноста и желбата на властите во Кишињев да ја развијат билатералната правна рамка, особено економската димензија, како што се договорите за меѓусебна промоција и заштита на инвестициите и економска соработка“, рече амбасадорот Чебук.

Претседателот Пендаровски на новоименуваниот амбасадор на Република Молдавија, Анатол Чебук, му посака успех во извршувањето на одговорната дипломатска функција.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се...

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“...

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во рамки на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов (1923 – 1982)“, што се одржува под негово покровителство во соработка со УНЕСКО. Воедно,...

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз оствари средба со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле. На средбата се разговараше за севкупната соработка на Република Северна Македонија со УНЕСКО, во контекст на 30-годишнината од нашето членство во...