Порака од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на медицинските сестри – 12 мај

12 мај 2023 | Обраќања

Почитувани медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри,

Дозволете најпрво да ви го честитам Меѓународниот ден на медицинските сестри 12 мај. Чест ми е што можам да ве поздравам преку ова видео обраќање во рамките на вашата свечена академија по повод денот на медицинските сестри. Вие сте виталната сила на нашето здравство, секогаш посветени на пациентите и на спасувањето на нивните животи и зачувување на нивното здравје.

Неодамна од Светската здравствена организација беше и официјално прогласен крај на пандемијата на Ковид 19, кој однесе многу животи, вклучително и на многу наши сограѓани, меѓу кои и ваши колешки, медицински сестри. Вие бевте најизложени на  вирусот, но,  останавте професионални, пожртвувани, хумани и солидарни, не штедејќи го своето здравје и своите животи. Затоа најголемо благодарам до сите здравствени работници и вечна слава на сите кои прерано не напуштија.

Драги пријателки и пријатели,

Сакам да ја искористам оваа можност и да им честитам  на добитниците на признанијата за најхумани сестри во минатата година. Исто така честитки и до Унијата на Здруженија на медицински сестри, предводена од Здружението за медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас Скопје“, за сета досегашна активност и ангажман. Вие се залагате за унапредување на положбата на сестрите и акушерките на нивното работно место и постојано барате решенија со кои ќе се подобри квалитетот на негата на пациентите и со кои ќе се потенцира важноста за нашето здравство на сестрите, акушерките и студентите по сестринство. Ги повикувам сите надлежни институции да ги подржат вашите напори и заедно да работиме на подобрување на нашиот здравствен систем, и за пациентите и за здравствените работници. Не можеме да зборуваме за просперитетна држава без квалитетна здравствена заштита и унапредување на здравствениот систем преку инвестиции во техника, опрема, објекти, но пред се во човечките ресурси.

На крајот, би сакал да ви посакам, радост, среќа и успех на личен и на професионален план.

Стево Пендаровски

 

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Отворен Кабинет за основци од 3 скопски училишта и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје

Отворен Кабинет за основци од 3 скопски училишта и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје

Кабинетот на претседателот Пендаровски, во рамки на Отворен Кабинет денеска го посетија основци од училиштата „Мустафа Кемал Ататурк“, „Тихомир Милошевски”, „Гоце Делчев“, како и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје, посветено на едукативни активности за...

Сопругата на претседателот со најмладите во рамки на фестивалот „Литера“

Сопругата на претседателот со најмладите во рамки на фестивалот „Литера“

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера 2023“ што се одржува во Музејот на град Скопје. Во рамки на настанот, г-ѓа...

Средба на претседателот Пендаровски со Ден Шехтман, добитник на Нобелова награда за хемија во 2011 година

Средба на претседателот Пендаровски со Ден Шехтман, добитник на Нобелова награда за хемија во 2011 година

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Ден Шехтман, добитникот на Нобелова награда за хемија во 2011 година, кој престојува во посета на нашата држава во организација на Македонската академија на науките и уметностите и Сојузот на хемичари и технолози на...

Средба на претседателот Пендаровски со американскиот сенатор Крис Марфи

Средба на претседателот Пендаровски со американскиот сенатор Крис Марфи

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими американскиот сенатор Крис Марфи. На средбата се разговараше за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, за состојбите во поширокиот регион во контекст на руската агресија врз Украина, како и за аспирациите на...

Положување цвеќе по повод 24 Мај – Денот на Свети Кирил и Методиј

Положување цвеќе по повод 24 Мај – Денот на Свети Кирил и Методиј

Претставник од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, по повод одбележувањето на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј, денеска положи свежо цвеќе пред споменикот на светите Кирил и Методиј на плоштадот во Охрид и...