Потпишан меморандум за соработка помеѓу Кабинетот на претседателот и Филозофскиот факултет при УКИМ

15 август 2022 | Соопштенија

Во Кабинетот на претседателот денеска беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу генералниот секретар на Кабинетот на претседателот, Mиле Бошњаковски и деканот на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиj“, проф. д-р Ратко Дуев.

Соработката помеѓу Кабинетот на претседателот и Филозофскиот Факултет ќе опфати низа активности кои вклучуваат организирање и реализирање на практична работа на студентите, научни и студентски конференции, обуки, летни школи, семинари, работилници, промоции и трибини.

Во рамки на активностите предвидено е да се направи промоција на материјали печатени со Брајово писмо за ученици и студенти, соработка во активности на вмрежување на здруженијата на лица со оштетен вид во насока на олеснување на пристапот до материјали печатени со Брајово писмо, изработка на материјали со фонт за лица со дислексија, изработка на 3Д артефакти верни на оригиналот за промоција на културното наследство, како и взаемна размена на информации, знаења и искуства од областите од заеднички интерес.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Отворен кабинет со ученици од САД на размена во земјава во рамки на програмата Yes abroad

Отворен кабинет со ученици од САД на размена во земјава во рамки на програмата Yes abroad

Во рамки на активноста Отворен кабинет денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од САД кои се на размена во земјава како дел од програмата Yes abroad на Американски совети за меѓународно образование – Северна Македонија. [gallery...

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за Радио Слободна Европа

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за Радио Слободна Европа

Понижувачки е да се слушаат критиките кои доаѓаат од САД и ЕУ, но тие претходно направија стратешка грешка и го заборавија Западниот Балкан и овие директни критики доаѓаат дури сега, вели во интервју за Радио Слободна Европа, претседателот Стево Пендаровски. Тој...

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, 3 јуни 2023 година, на покана на турските власти, во Анкара присуствуваше на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Претседателот Стево Пендаровски честитајќи му го новиот...

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Стево Пендаровски денеска, по повод отворениот ден, го посети средното училиштето на Град Скопје „Цветан Димов“. Претседателот имаше можност да се запознае со условите во...