Под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, а по иницијатива на сопругата на Претседателот, г-а Елизабета Ѓоргиевска, Амбасадата на Народна Република Кина во земјава обезбеди финансиски средства кои ќе бидат донирани на Министерството за здравство за доопремување на Центарот за цистична фиброза при ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата, Козле, Скопје.
Меморандумот за соработка денеска го потпишаа генералниот секретар на Кабинетот на претседателот Миле Бошњаковски, кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо и министерот за здравство Фатмир Меџити.
Согласно меморандумот ќе бидат обезбедени финансиски средства во износ од 1 280 000 денари, кои ќе бидат донирани на Министерството за здравство, а ќе се искористат за набавка на опремување на просторот (соодветни детски креветчиња), монитори за следење на виталните релевантни параметри, апарати за физикална терапија и опрема за дијагностика за потребите на Центарот за цистична фиброза при ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата, Козле, Скопје.