Меморандум за соработка за реставрација на спомен куќата на Ѓорѓија Пулевски во Галичник

20 јули 2022 | Соопштенија

Под покровителство на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, Амбасадата на Народна Република Кина во земјава обезбедува финансиски средства со цел реализација на конзерваторско – реставраторски работи на спомен куќата на Ѓорѓија Пулевски во Галичник, како заштитено културно добро.

Меморандумот за соработка денеска го потпишаа генералниот секретар на Кабинетот на претседателот Миле Бошњаковски, кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо и директорот на Националниот Конзерваторски Центар, Мемет Селмани. Согласно меморандумот ќе бидат обезбедни 1 474 000 денари, донација на Националниот Конзерваторски Центар – Скопје, со цел преземање на дејствија и активности во насока на конзервација и реставрација на спомен куќата на македонскиот национален преродбеник Ѓорѓија Пулевски.

Донацијата од кинеската Амбасада претставува потврда на интересот за зајакнување на меѓусебната соработка, преку директна поддршка за зачувување и заштита на културното наследство во Република Северна Македонија.

Родната куќа на Ѓорѓија Пулевски во Галичник, во 1956 е претворена во „Меморијален музеј на Ѓорѓија Пулевски“ и е дел од објектите кои се прогласени за културно наследство на земјава.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Шаховска Федерација на Македонија. На средбата беше разговарано за тековните активности на федерацијата, учеството на меѓународни натпревари, организирањето на европски...

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата беше изразено...

Делегација од Кабинетот на претседателот  положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Генералниот секретар при Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Миле Бошњаковски, денеска, 26 март 2023 година, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред Споменикот на Бранителите во паркот „Жена борец“ во Скопје, во чест на бранителите, кои...

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Честитајќи ја годишнината, претседателот Пендаровски изрази задоволство од досегашниот развој на односите меѓу...

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Стево Пендаровски се обрати пред учесниците на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“ чиј домаќин е Народната банка на Република Северна Македонија. Во поздравното обраќање претседателот Пендаровски посочи дека овој форум на Иницијативата за...