Кабинетот на претседателот и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација потпишаа Меморандум за соработка

25 јули 2022 | Соопштенија

Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, денеска потпишаа Меморандум за соработка, со цел преземање на координирани активности во насока на промоција на заштитата, и обезбедување на целосно и еднакво уживање на човековите права и основни слободи за сите граѓани во Република Северна Македонија.

Меморандумот беше потпишан од страна на генералниот секретар на Кабинетот на претседателот, Миле Бошњаковски и претседателот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Кире Василев.

Согласно меморандумот, двете институции се согласуваат заеднички да соработуваат во однос на промотивни активности и кампањи за спречување и заштита од дискриминација, поддршка при организирање на меѓународни конференции и настани од полето на заштита од дискриминација, соработка и учество во активности и обуки во организација на Претседателскиот центар за политичко образование, како и размена на стручни мислења во областа на предлозите и претставките поврзани со заштитата од дискриминација.

Со овој Меморандум се потврдува интересот за јакнење на меѓусебната соработка во поддршка на активностите за спречување и заштита од дискриминација на граѓаните во Република Северна Македонија.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска заедно со Дорис Шмидауер, сопруга на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен коишто престојуваат во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска во Канцеларијата на...

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен, во рамки на официјалната посета на австрискиот претседател на Република Северна Македонија, денеска се обратија на Македонско-австрискиот економски форум „Зајакнување на деловните односи меѓу...

Претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Во рамки на официјалната посета на сојузниот претседател на Република Австрија на Република Северна Македонија, претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св....

Прес-конференција на претседателите Пендаровски и Ван дер Белен: Австрија е докажан пријател на регионот

Прес-конференција на претседателите Пендаровски и Ван дер Белен: Австрија е докажан пријател на регионот

Во рамки на официјалната посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен на Република Северна Македонија, претседателите Пендаровски и Ван дер Белен одржаа заедничка прес-конференција. Во продолжение е интегралниот текст од изјавата на...

Церемонија со највисоки државни и воени почести – претседателот Пендаровски го пречека сојузниот претседател на Австрија, Александер Ван дер Белен

Церемонија со највисоки државни и воени почести – претседателот Пендаровски го пречека сојузниот претседател на Австрија, Александер Ван дер Белен

На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателот Стево Пендаровски денеска го пречека сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, кој во придружба на неговата сопруга, Дорис Шмидауер, престојува во официјална посета на...