Претседателот Пендаровски покровител на Признанието за придонес на припадниците на дијаспората, Македонија 2025

12 април 2023 | Соопштенија

Кабинетот на Претседател на Република Северна Македонија и Македонија 2025 Огранок во Република Македонија, денеска потпишаа Меморандум за соработка со цел јавно вреднување на сите поединци со потекло од Република Северна Македонија, кои имале несебичен и континуиран придонес за татковината во различните сфери на живеење.

Врз основа на Меморандумот се воспоставува покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија на Признанието за придонес на припадниците на дијаспората, Македонија 2025.

Целта на признанието кое го востановува Македонија 2025, е да го вреднува придонесот на припадниците на дијаспората кои индивидуално, или преку нивни организации дале значаен, или исклучителен придонес кон економскиот, општествениот развој, образованието, научно-истражувачката работа, уметноста, или пак придонеле за подобрување на определени состојби преку разни форми на донации, волонтерска работа и инвестиции во татковината.

Согласно Меморандумот за соработка, ќе бидат изготвени критериуми и процедури за начинот и постапката на пријавување, и ќе биде формирана Комисија која ќе ја спроведе постапката за избор на добитник, односно добитници на признанието преку вреднување на придонесот на пријавените припадници на дијаспората.

Меморандумот за соработка го потпишаа генералниот секретар на Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, Миле Бошњаковски и Никица Мојсоска Блажевски, главен извршен директор на Македонија 2025 Огранок во Република Македонија.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Доделено признанието „Инженерски прстен 2023“ на 12 најуспешни дипломирани инженери

Доделено признанието „Инженерски прстен 2023“ на 12 најуспешни дипломирани инженери

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги врачи инженерските прстени на 12 најуспешни дипломирани студенти од македонските факултети што негуваат инженерски дисциплини. Манифестацијата „Инженерски прстен“, која традиционално е под покровителство на претседателот на...

Отворен кабинет со ученици од САД на размена во земјава во рамки на програмата Yes abroad

Отворен кабинет со ученици од САД на размена во земјава во рамки на програмата Yes abroad

Во рамки на активноста Отворен кабинет денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од САД кои се на размена во земјава како дел од програмата Yes abroad на Американски совети за меѓународно образование – Северна Македонија. [gallery...

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за Радио Слободна Европа

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за Радио Слободна Европа

Понижувачки е да се слушаат критиките кои доаѓаат од САД и ЕУ, но тие претходно направија стратешка грешка и го заборавија Западниот Балкан и овие директни критики доаѓаат дури сега, вели во интервју за Радио Слободна Европа, претседателот Стево Пендаровски. Тој...

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, 3 јуни 2023 година, на покана на турските власти, во Анкара присуствуваше на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Претседателот Стево Пендаровски честитајќи му го новиот...

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...