Средба на претседателот Пендаровски и сопругата Ѓоргиевска со претставници на коалицијата „МЕНУВАМЕ“

9 август 2021 | Aктивности, Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски со сопругата Елизабета Ѓоргиевска денеска примија активисти за правата на лицата со попреченост од коалицијата „МЕНУВАМЕ“.

Лицата со попреченост и родителите на деца со попреченост на средбата ги истакнаа своите барања за подобрување на нивната целокупна состојба. Неколкуте, како што посочија, приоритетни барања, се да се зголеми износот којшто го добиваат како додаток на попреченост и како посебен детски додаток, понатаму да се оформи регистар за лица со попреченост и да се отворат повеќе дневни центри и центри за рехабилитација. На тој начин, потенцираат од „МЕНУВАМЕ“, на лицата со попреченост ќе им се гарантира соодветен животен стандард.

Активистите ги изложија и нивните заложби за остварување на правата на еднаквост, достоинствен живот и активно вклучување во целокупниот економски, културен и општествен живот. Овие права, како што потенцираа од „МЕНУВАМЕ“ им се загарантирани согласно со Конвенцијата за правата на лицата со попреченост на Обединетите Нации. Истата, подвлекоа тие, државата ја ратификуваше пред 10 години, а имплементацијата речиси и да не е започната.

Претседателот Пендаровски и неговата сопруга Ѓоргиевска изразија целосна поддршка за барањата на претставниците на „МЕНУВАМЕ“. „Неприфатливо е и натаму да бидете маргинализирани и обесправени“, им порача претседателот Пендаровски. Во оваа насока, претседателот Пендаровски нагласи дека, согласно со надлежностите, во континуитет ќе се заложува да се подобри положбата на лицата со попреченост и нивните семејства.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се...

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“...

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во рамки на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов (1923 – 1982)“, што се одржува под негово покровителство во соработка со УНЕСКО. Воедно,...

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз оствари средба со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле. На средбата се разговараше за севкупната соработка на Република Северна Македонија со УНЕСКО, во контекст на 30-годишнината од нашето членство во...