Учество на претседателот Пендаровски на дебатата „Дали Западен Балкан е дел од големата слика? Мапирање на новата европска безбедносна архитектура“

17 февруари 2024 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на 60. Минхенска безбедносна конференција, вчеравечер учествуваше на дебатата насловена „Дали Западен Балкан е дел од големата слика? Мапирање на новата европска безбедносна архитектура“, во организација на Центарот за безбедносна политика од Белград и Центарот за безбедносна политика од Женева.

Во дискусијата претседателот Пендаровски се осврна на актуелните состојби во регионот на Западен Балкан, последиците во контекст на безбедносните случувања во Европа предизвикани од руската агресија врз Украина, како и на иднината на регион во однос на претстојните предизвици.

Претседателот посочи дека во интерес на мирот и стабилноста на Европа, неопходно е да се одржи кохезијата во евроатлантскиот блок и процесот на проширување на Европска Унија.

Во таа насока беше реафирмирана потребата од забрзана и непречена интеграција на земјите од Западен Балкан, како клучен фактор не само за политичките процеси и реформската агенда, но и за севкупната безбедност, потенцирајќи дека во време на мултиплицирани кризи и разнишана безбедносна архитектура, важно за стабилноста на Западен Балкан е да има поголемо европско присуство во регионот.

Во контекст на безбедносните кризи, беа разменети мислења и за најактуелниот светски конфликт во моментов на Блискиот Исток, како и за глобалните последици од истиот.

Во дискусијата учествуваа амбасадорот Рајнер Рудолф, заменик-претседавач со Минхенската безбедносна конференција, австриската сојузна министерка за европски прашања, Каролина Едштадлер, Кирил Петков, поранешен премиер на Бугарија и сегашен пратеник во бугарскиот парламент, специјалниот пратеник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Лорд Стјуарт Пич, албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши, генералниот секретар на ОБСЕ,  Хелга Шмидт, Стефано Санино, генерален секретар на Европската служба за надворешни работи, францускиот пратеник, Бенџамин Хадад,  Даниела Шварцер од фондацијата „Бертелсман“, генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу, директорот на Центарот за безбедносна политика од Женева, Томас Гремингер, Олександер Чали соработник на Центарот за безбедносна политика од Женева, Мајда Руге од Европски совет за меѓународни односи и Срѓан Цвијиќ од Центарот за безбедносна политика од Белград.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...