Работна средба со претставници на граѓанскиот сектор со цел финализирање на МКД2030

13 мај 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска одржа работна средба со претставници на граѓанскиот сектор со цел финализирање на Рамката за развој МКД2030, што се изготвува на негова иницијатива.

Посочувајќи на потребата за заедничка платформа која ќе претставува долгорочна визија за развојот и иднината на земјава, претседателот Пендаровски истакна дека се планира МКД2030 да биде платформа за која ќе има национален консензус околу приоритетите каде треба да инвестираме и каде да ги насочиме нашите ресурси, со фокус за иднината, а со цел напредок и подобар живот за граѓаните.

Претседателот Пендаровски изрази благодарност до присутните за прифаќањето на поканата да дадат придонес во финализирањето на стратешкиот документ и во изнаоѓањето на квалитетни и одржливи решенија за развојот и иднината на Република Северна Македонија.

Денешната работна средба е дел од финалните консултации со истакнати стручни лица од земјава и странство во процесот на изработка на стратешкиот документ. Досега беа реализирани работни средби со претставници од бизнис секторот, експерти од областа на економијата и финансиите, академската заедница, граѓански и меѓународни организации и истакнати професионалци од повеќе области.

Рамката за развој МКД2030 официјално ќе биде промовирана во средината на годинава, и ќе биде доставена до Владата како основа за Националната развојна стратегија 2022-2042.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, 3 јуни 2023 година, на покана на турските власти, во Анкара присуствуваше на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Претседателот Стево Пендаровски честитајќи му го новиот...

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Стево Пендаровски денеска, по повод отворениот ден, го посети средното училиштето на Град Скопје „Цветан Димов“. Претседателот имаше можност да се запознае со условите во...

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на Македонскиот енергетски форум 2023, што се одржува во Скопје во организација на ЗИП Институтот, во партнерство со Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на ЕУ во Скопје, на тема „Подобрување на...

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од ООУ „Крсте Мисирков“ од Куманово. Посетителите имаа можност да се сретнат и да поразговараат со...