Средба на претседателот Пендаровски со генералниот секретар на Муслиманската светска лига, шеик Мухамед бин Абдулкарим Ал-Исса

13 август 2021 | Соопштенија

На покана на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, на 12 и 13 август 2021 година во посета на нашата држава престојува Неговата Екселенција, шеикот Мухамед бин Абдулкарим Ал-Исса, генерален секретар на Муслиманската светска лига.

Во рамки на посетата, денеска претседателот Стево Пендаровски го прими шеикот Мухамед бин Абдулкарим Ал-Исса.

На средбата се разговараше за активностите на Муслиманската светска лига во насока на промовирање на исламската толеранција, дијалогот и соработка со сите конфесии, што води кон надминување на растечките предрасуди и обезбедување услови за мир и соживот. Во тој контекст, претседателот Пендаровски ги поздрави меѓународните активности на шеикот Мухамед бин Абдулкарим Ал-Исса оддавајќи признание за неговиот личен ангажман во промоцијата на умерените исламски вредности во светот.

Истовремено, претседателот Пендаровски оцени дека посетата е можност за воспоставување дијалог и соработка со Муслиманската светска лига подвлекувајќи дека нашата држава е со длабоко вкоренета традиција на меѓурелигиска толеранција, почитување на различните верски убедувања и негување на верските слободи.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...