Учество на претседателот Пендаровски на третата сесија на состанокот на Северноатлантскиот совет

30 јуни 2022 | Соопштенија

Во рамки НАТО Самитот во Мадрид, претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на третата работна сесија на состанокот на Северноатлантскиот совет.

Сесијата на ниво на шефови на држави и влади, со која претседаваше генералниот секретар на НАТО, беше посветена на заканите и предизвиците кои произлегуваат од јужното соседство на НАТО Алијансата.

Во своето обраќање претседателот Пендаровски истакна дека како што е наведено во Стратегискиот концепт на НАТО се соочуваме со глобални и меѓусебно условени закани. Тероризмот, потенцираше претседателот, во сите негови форми и појави е најдиректната асиметрична закана за безбедноста на нашите народи, а особено го користат трети страни кои сакаат да го прошират нивното присуство и наметнат своето влијание преку хибридни закани и политички притисоци.

Во таа насока, претседателот истакна дека е потребно НАТО да продолжи со практичната поддршка и зајакнување на капацитетите на земјите-партнери, како и продлабочување на дијалогот со земјите-партнери на Алијансата, со меѓународните организации, ООН, ЕУ, и со другите релевантни регионални форуми и невладини организации.

Во дискусијата на состанокот, претседателот посочи дека ни е потребен широк консензус, со цел да развиваме функционална и предвидлива мултилатерална соработка, преку која ќе се овозможи мир и безбедност во 21 век.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски: Потребни ни се блиски врски меѓу Македонија и дијаспората

Претседателот Пендаровски: Потребни ни се блиски врски меѓу Македонија и дијаспората

Претседателот Стево Пендаровски за време на работната посета на САД по повод учеството на 78. Генерално Собрание на Обединетите Нации, вчера попладне во Чикаго, како почесен гостин, присуствуваше и се обрати на донаторска вечера „Патишта кон просперитет“ во...

Претседателот Пендаровски во Њујорк ја одликуваше Организацијата на Обединетите Нации со Орден на Република Северна Македонија

Претседателот Пендаровски во Њујорк ја одликуваше Организацијата на Обединетите Нации со Орден на Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Генералното собрание на ОН, вчера попладне во Њујорк ја одликуваше Организацијата на Обединетите Нации со Орден на Република Северна Македонија. Претседателот Пендаровски му го врачи одликувањето на генералниот...

Активности на г-а Елизабета Ѓоргиевска во рамки на учеството на претседателот на 78. Генерално Собрание на ОН

Активности на г-а Елизабета Ѓоргиевска во рамки на учеството на претседателот на 78. Генерално Собрание на ОН

Сопругата на претседателот г-а Елизабета Ѓоргиевска, која престојуваше во Њујорк во придружба на претседателот при неговото учество на 78. сесија на Генералното Собрание на Обединетите Нации, оствари повеќе средби и активности. Г-а Ѓоргиевска оствари средба со Диен...

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за Гласот на Америка

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за Гласот на Америка

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик, изјави дека од Русија зависи дали ќе има примирје во Украина. Тој посочи дека руската делегација се оглушува на сите барања на цивилизираниот и демократскиот свет.  ...

Претседателот Пендаровски во Њујорк оствари средба со Јури Ким и Џим O’Брајан од американскиот Стејт Департмент

Претседателот Пендаровски во Њујорк оствари средба со Јури Ким и Џим O’Брајан од американскиот Стејт Департмент

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Њујорк, на маргините на 78. Генерално собрание на Обединетите нации, оствари средба со Јури Ким, заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија и Џим O'Брајан, раководител на канцеларијата за координација на санкции...