Претседателот Пендаровски во работна посета на Кралството Шведска

13 октомври 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски, од денеска – 13 октомври 2021 година, среда, ќе престојува во работна посета на Кралството Шведска, по повод учеството на Меѓународниот форум за сеќавање на Холокаустот и борба против антисемитизмот “REMEMBER – REACT” (Запомни – Реагирај).

Денеска, 13 октомври 2021 година, претседателот Пендаровски во Малме ќе се обрати на Меѓународниот форум за сеќавање на Холокаустот и борба против антисемитизмот “REMEMBER – REACT”, на сесијата „Зачувување на сведоштва и развој на образование за иднината“.

На маргините на форумот, претседателот Пендаровски ќе оствари средби со претседателот на Светскиот Еврејски конгрес, Роналд Лаудер, со министерот за надворешни работи на Португалската Република, Аугусто Сантош Силва, и со државниот министер за Европа во Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Михаел Рот. Во Малме претседателот Пендаровски ќе ја посети Македонската православна црква „Св. Наум Охридски“, каде ќе оствари средба со претставници на македонски друштва од градот.

Во четврток, 14 октомври 2021 година, во Малме, претседателот Пендаровски ќе оствари средба со премиерот на Кралството Шведска, Стефан Лофвен, додека во Гетеборг ќе оствари средба со претставници на Македонскиот сојуз во Шведска.

Во петок, 15 октомври 2021 година, во Стокхолм, претседателот Пендаровски ќе оствари средба со претседателот на Парламентот на Шведска (Риксдаг), Андреас Норлен, со дел од членовите на комисијата за надворешни работи, комисијата за европски прашања, претседателот на групата за пријателство на Парламентот на Шведска со Собранието на Северна Македонија и претседавачот и членови на Управувачката група на соработката за демократски развој со Северна Македонија.

Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари средба со министерката за надворешни работи на Кралството Шведска, Ан Линде и со претставници на Шведската агенција за меѓународна соработка и развој (СИДА).

За време на работната посета, во Стокхолм претседателот Пендаровски ќе ја посети Нобеловата фондација и ќе оствари средба со претставници на водечки политички фондации и институти. Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари средба и со шведскиот дипломат Карл Билд.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, 3 јуни 2023 година, на покана на турските власти, во Анкара присуствуваше на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Претседателот Стево Пендаровски честитајќи му го новиот...

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Стево Пендаровски денеска, по повод отворениот ден, го посети средното училиштето на Град Скопје „Цветан Димов“. Претседателот имаше можност да се запознае со условите во...

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на Македонскиот енергетски форум 2023, што се одржува во Скопје во организација на ЗИП Институтот, во партнерство со Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на ЕУ во Скопје, на тема „Подобрување на...

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од ООУ „Крсте Мисирков“ од Куманово. Посетителите имаа можност да се сретнат и да поразговараат со...