Претседателот Пендаровски во работна посета на Република Бугарија

30 септември 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски, на покана на претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, утре – 1 октомври 2022 година, сабота, во Софија ќе присуствува на церемонијата по повод почетокот на комерцијалната работа на гасниот интерконектор Грција – Бугарија.

На церемонијата, што ќе се одржи во Националната палата на културата во Софија, ќе присуствуваат и Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската Комисија, Илхам Алијев, претседател на Република Азербејџан, Киријакос Мицотакис, премиер на Хеленската Република, Николае-Ионел Чука, премиер на Романија и Александар Вучиќ, претседател на Република Србија.

Предвидено е претседателот Пендаровски да одржи средби со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

Гасниот интерконектор Грција – Бугарија (проект IGB) ја поврзува мрежата за пренос на природен гас на Грција во близина на градот Комотини со бугарската преносна мрежа во близина на градот Стара Загора.

Имплементацијата на проектот има за цел да обезбеди диверзификација, не само на рутите, туку и на изворите на природен гас за Бугарија и поширокиот регион.

Во рамки на посетата на Република Бугарија, претседателот Пендаровски на автопатот „Струма“ ќе положи цвеќе на местото на автобуската несреќа, во која на 23 ноември 2021 година, загинаа 45 македонски граѓани.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во рамки на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов (1923 – 1982)“, што се одржува под негово покровителство во соработка со УНЕСКО. Воедно,...

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз оствари средба со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле. На средбата се разговараше за севкупната соработка на Република Северна Македонија со УНЕСКО, во контекст на 30-годишнината од нашето членство во...

Претседателот Пендаровски го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО во Париз

Претседателот Пендаровски го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО, каде што оствари средба со Жан-Франсоа Хуше, претседател на ИНАЛКО и средба со Фроса Пејоска-Бушеро, шеф на Катедрата за македонски студии при...

Конференција „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна – Вестфалија“ во организација на ПЦПО

Конференција „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна – Вестфалија“ во организација на ПЦПО

Во организација на Претседателскиот центар за политичко образование денеска во Скопје се одржа конференција на тема „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна - Вестфалија“. На отворањето на...