Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, утре – 27 февруари 2026 година, петок, ќе биде домаќинка на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, кој ќе престојува во официјална посета на земјава.
Албанскиот претседател ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следи тет-а-тет средба на претседателите, а потоа и пленарен состанок на македонската и албанската делегација.
Во рамки на официјалната посета, претседателот на Република Албанија ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.
ПРОГРАМА: петок, 27 февруари 2026 година
- 10:30 часот – Официјална церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести
- 10:45 часот – Тет-а-тет средба
- 11:20 часот – Пленарен состанок на делегациите
- 12:00 часот – Заедничка прес-конференција на претседателката Сиљановска-Давкова и претседателот Бегај.
Ги покануваме акредитираните медиумски екипи во Вила Водно, Кабинетот на претседателот во 09:45 часот.





