Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

28 март 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски, утре – 29 март 2023 година, среда, ќе биде домаќин на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија, во придружба на неговата сопруга, Дорис Шмидауер.

Претседателот Ван дер Белен ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на официјална церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следува тет-а-тет средба на претседателите Пендаровски и Ван дер Белен и пленарен состанок на делегациите на Северна Македонија и Австрија.

Во рамки на посетата, во црквата „Св. Спас“ во Скопје претседателот Ван дер Белен и претседателот Пендаровски ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев. Предвидено е двајцата претседатели да се обратат на Македонско-австрискиот економски форум „Зајакнување на деловните односи меѓу Северна Македонија и Австрија“.

ПРОГРАМА: среда29 март 2023 година

  • 09:30 часот – Официјална церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести
  • 09:50 часот – Тет-а-тет средба
  • 10:10 часот – Пленарен состанок на делегациите
  • 11:05 часот – Заедничка прес-конференција на претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен.

Ги покануваме акредитираните новинарски екипи во Кабинетот на претседателот во 08:30 часот.

Официјалната церемонија на пречек и заедничката прес-конференција се отворени за сите акредитирани медиуми, а ќе бидат пренесувани во живо и на дигиталните платформи на претседателот Пендаровски (Фејсбук и Јутјуб).

  • 11:45 часот (црква „Св. Спас“) – Полагање на венци на гробот на Гоце Делчев

Ги покануваме акредитираните сниматели и фоторепортери во црквата „Св. Спас“ во 11:15 часот.

  • 16:30 часот (хотел Мериот) – Македонско-австрискиот економски форум „Зајакнување на деловните односи меѓу Северна Македонија и Австрија“.

За време на официјалната посета, австрискиот претседател Ван дер Белен ќе оствари средби и со претседателот на Собранието Талат Џафери, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски и ќе се обрати на свечена седница во Собранието на Република Северна Македонија.

Својата официјалната посета на Република Северна Македонија австрискиот претседател Ван дер Белен ја започнува денеска со посета на Охрид.

За сите дополнителни прашања и информации, претставниците на медиумите може да се обратат на Билјана Радева +389 76 45 55 45 [email protected]

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција “, којашто се одржа во соработка со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Армен Григорјан, а во пресрет на претстојниот...

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Стево Пендаровски, на церемонија во Кабинетот на претседателот, денеска го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година. Признанието се доделува како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во нашата држава. За Најдобра...

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Под покровителство на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска и во соработка со Сојуз-Национален совет за родова рамноправност, денеска се одржа панел-дискусија на тема „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“,  по повод кампањата „16 дена активизам...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“ којшто се одржа во рамки на чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, иницијатива под покровителство на Претседателот. [gallery...

Обраќање на претседателот Пендаровски по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука

Обраќање на претседателот Пендаровски по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука -  22 ноември и 115. годишнината од одржувањето на конгресот во Битола, каде беа поставени темелите за стандардизација на албанскиот јазик. [gallery...