Претседателот Пендаровски домаќин на унгарската претседателка Каталин Новак

5 февруари 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски утре, 6 февруари 2023 година, понеделник, ќе биде домаќин на претседателката на Унгарија, Каталин Новак, која ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Претседателката Новак на официјална церемонија ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести, по што ќе следува тет-а-тет средба на претседателите Пендаровски и Новак и пленарен состанок на делегациите на Северна Македонија и Унгарија.

Во рамки на посетата, во црквата „Св. Спас“ во Скопје претседателката Новак и претседателот Пендаровски ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев.

 ПРОГРАМА: понеделник6 февруари 2023 година

·        10:00 часот – Официјална церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести
·        10:15 часот – Тет-а-тет средба
·        10:30 часот – Пленарен состанок на делегациите
·        11:30 часот – Заедничка прес-конференција на претседателот Пендаровски и претседателката Новак

Ги покануваме акредитираните новинарски екипи во Кабинетот на претседателот во 09:00 часот.

 Официјалната церемонија на пречек и заедничката прес-конференција се отворени за сите акредитирани медиуми, а ќе бидат пренесувани во живо и на дигиталните платформи на претседателот Пендаровски (Фејсбук и Јутјуб).

·        12:10 часот (црква „Св. Спас“) – Полагање на венци на гробот на Гоце Делчев

Ги покануваме акредитираните сниматели и фоторепортери во црквата „Св. Спас“ во 11:40 часот.

 За време на официјалната посета, унгарската претседателка Новак ќе оствари средби и со претседателот на Собранието Талат Џафери, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, а заедно со претседателот Пендаровски ќе остварат средба со претставници на младински организации.

 За сите дополнителни прашања и информации, претставниците на медиумите може да се обратат на Билјана Радева +389 76 45 55 45 [email protected]presidentoffice.mk

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба со преставници на Лајонс дистрикт 132 – Северна Македонија и меѓународниот претседател  на организацијата, Брајан Шихан

Средба со преставници на Лајонс дистрикт 132 – Северна Македонија и меѓународниот претседател на организацијата, Брајан Шихан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Брајан Шихан, претседател на Меѓународната асоцијација на Лајонс клубови и претставници на Лајонс дистрикт 132 Северна Македонија, по повод 25-годишнината од нивната работа во нашата држава. [gallery...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Азербејџан за Република Северна Македонија, со седиште во Белград, Камил Касијев. На свечената церемонија на предавање...

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Ученици од ООУ„7 Марси“ од Липково и од ООУ „Љубен Лапе" од Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска се сретнаа и поразговараа со претседателот Пендаровски за неговата работа, за претседателските надлежности и активности. [gallery...

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на завршната регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ – Гласно и храбро ги поместуваме границите“. Конференцијата е во...

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска заедно со Дорис Шмидауер, сопруга на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен коишто престојуваат во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска во Канцеларијата на...