Претседателот Пендаровски  го прими тимот од НАСА спејс апс челинџ Струмица

14 ноември 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски  денеска го прими победничкиот тим од НАСА спејс апс челинџ Струмица (NASA Space App Challenge Strumica), придружен од организацискиот тим од Струмица, како и претставници на НАСА спејс апс Маунтајн Вју (NASA Space App Mountain View) и НАСА спејс апс Кливленд (NASA Space App Cleveland).

Претставниците од победничкиот тим, средношколците од СОУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид, го информираа претседателот за проектот на којшто работеле „Светлината на ѕвездите“ (The Light of Stars).

Претседателот Пендаровски, поздравувајќи го подвигот на овој тим и честитајќи го успехот, порача да продолжат да учествуваат на вакви натпревари и им посака натамошни успеси на личен и професионален план.

Организаторите на НАСА Спејс апс челинџ Струмица истакнаа дека ваквиот натпревар е можност за поттикнување на учениците да истражуваат и да работат на иновативни решенија во област која ќе им овозможи стекнување на дополнителни знаења и вештини од оние кои ги стекнуваат низ формалното образование, да им отвори нови перспективи и можности за создавање на нови пријателства.

НАСА спејс апс челинџ со локација во Струмица се одржа под водство на Зорица Масникоса-Поп Трајкова на 1-2 октомври оваа година. На средбата беше истакнат и придонесот на општина Струмица, училиштето СОУУД ,,Димитар Влахов“ и неколку компании за овој настан да се реализира во најдобро светло, поддржувајќи ја неговата едукативна компонента.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Честитајќи ја годишнината, претседателот Пендаровски изрази задоволство од досегашниот развој на односите меѓу...

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Стево Пендаровски се обрати пред учесниците на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“ чиј домаќин е Народната банка на Република Северна Македонија. Во поздравното обраќање претседателот Пендаровски посочи дека овој форум на Иницијативата за...

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се...

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“...

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...