
- Завршен настан.
Инаугурација на Претседателскиот центар за политичко образование
7 ноември, 2020|11:10 - 13:00
На 7 ноември 2020 година, со почеток во 11:10 часот ќе се одржи инаугуративен настан на Претседателскиот центар за политичко образование на кој ќе се обрати претседателот Стево Пендаровски и ќе се одржи дебата на тема: „Иднината на демократијата – младите во политиката и општеството“, на која ќе учествуваат млади луѓе од граѓанскиот сектор.
Инаугуративниот настан на Претседателскиот центар за политичко образование ќе можете да го проследите во живо на официјалната Фејсбук страница на претседателот Пендаровски.