Loading Настани

« Сите Настани

  • Завршен настан.

Ден на Републиката – Илинден

2 август, 2020|11:00 - 12:00

По повод 2-ри Август – Ден на Републиката, Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, утре – 2 август 2020 година, недела, ќе присуствува и ќе се обрати на одбележувањето на државниот празник Илинден, во Mеморијалниот центар – АСНОМ, Пелинце со почеток во 11:00 часот.

Свеченоста во Пелинце ќе се реализира во согласност со протоколот на Комисијата за заштита од заразни болести за одбележување државни празници, за бројот на учесниците, здравствено-безбедната организација и движењето, со обезбедено растојание и заштита.

Обраќањето на претседателот Пендаровски ќе биде пренесувано во живо на првиот програмски сервис на МТВ, како и на Facebook страницата на Претседателот и на YouTube каналот.

Претходно, претседателот Пендаровски ќе положи свежо цвеќе пред споменикот во Меморијалниот центар АСНОМ, по повод одбележувањето на 76-годишнината од првото заседание на АСНОМ.

Видео материјал и фотографии од одбележувањето на државниот празник Илинден во Mеморијалниот центар – АСНОМ, Пелинце, како и интегралниот текст од обраќањето на претседателот Пендаровски, ќе бидат дистрибуирани до медиумите од страна на прес службата на Кабинетот веднаш по завршувањето на настанот.

Напомена: Претставниците на медиумите е неопходно да пристигнат во Пелинце во 10:00 часот, задолжително да носат заштитна опрема и беџ од медиумот за идентификација, со цел максимално почитување на здравствено-безбедносните мерки.

Детали

Дата:
2 август, 2020
Време:
11:00 - 12:00

Локација

Пелинце