Loading Настани

« Сите Настани

  • Завршен настан.

Официјална посета на претседателот на Република Словенија Борут Пахор, на Република Северна Македонија

25 септември, 2020 - 26 септември, 2020

На 25 и 26 септември 2020 година, во официјална посета на Република Северна Македонија, ќе престојува претседателот на Република Словенија, Борут Пахор.

Агенда на активности – петок, 25 септември 2020 година

 10:00 часот – Официјална церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести од страна на претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, на платото пред Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“

 10:10 часот – Тет-а-тет средба на претседателот Стево Пендаровски со претседателот Борут Пахор

 10:30 часот – Пленарен состанок на официјалните делегации на Република Северна Македонија и Република Словенија

 11:20 часот – Заедничка прес-конференција на претседателите Стево Пендаровски и Борут Пахор.

Покануваме новинарски екипи во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“ во 09:15 часот.

 12:00 часот – Церемонија на полагање на венци од страна на двајцата претседатели на гробот на Гоце Делчев во црквата Св. Спас (отворено за фотографирање/снимање од страна на медиумите)

 12:30 часот – Средба на претседателот Борут Пахор со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери

 13:00 часот – Обраќање на претседателот Борут Пахор пред пратениците на седница на Собранието

 17:00 часот –  Средба на претседателот Борут Пахор со претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев

Агенда на активности – сабота, 26 септември 2020 година

На 26 септември 2020 година, сабота, претседателот Пахор ќе престојува во Охрид, каде заедно со претседателот Пендаровски ќе присуствува на показна вежба на специјалните сили на Армијата на Република Северна Македонија во Кампот за обука на вода – Охрид. Претходно, двајцата претседатели ќе реализираат прошетка низ Охрид и разгледување на културни знаменитости.

 10:00 часот – Прошетка во Охрид и разгледување на културни знаменитости

 11:30 часот – Присуство на двајцата претседатели на показна вежба на специјалните сили на Армијата на Република Северна Македонија (отворено за медиумски екипи)

За сите дополнителни прашања и информации, претставниците на медиумите можат да се обратат на следните контакти:

Билјана Радева + 389 76 45 55 45 biljana.radeva@presidentoffice.mk 

Катерина Цаневска +389 76 45 55 46 katerina.canevska@presidentoffice.mk  

Елена Ставровска +389 71 344 432 elena.stavrovska@presidentoffice.mk

Детали

Почеток:
25 септември, 2020
Крај:
26 септември, 2020