Loading Настани

« Сите Настани

  • Завршен настан.

Претседателот Пендаровски во официјална посета на Република Словенија

15 јули, 2019 - 16 јули, 2019

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, на 15 и 16 јули 2019 година ќе престојува во официјална посета на Република Словенија.

Претседателот Пендаровски во понеделник, 15 јули 2019 година, во Љубљана ќе биде примен со високи државни и воени почести од Претседателот на Република Словенија, Борут Пахор. Предвидено е претседателот Пендаровски и претседателот Пахор да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на двете делегации.

Претседателот Пендаровски во вторник, 16 јули 2019 година, ќе оствари средби со Претседателот на Државното собрание на Република Словенија, Дејан Жидан и со Претседателот на Владата на Република Словенија, Марјан Шарец.

Во Љубљана, претседателот Пендаровски ќе одржи предавање на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) на тема „Иднината на Северна Македонија – Како да се забрза интеграцијата во ЕУ“.

Во рамки на посетата, претседателот Пендаровски ќе одржи средба со европратеничката Тања Фајон, ќе се сретне со словенечки стопанственици, како и со претставници на македонски културни друштва во Словенија.

Во Љубљана, Претседателот ќе ја посети Македонската православна црква „Св. Климент Охридски“.

За време на официјалната посета на Република Словенија, претседателот Пендаровски ќе биде придружуван од неговата сопруга, Елизабета Ѓоргиевска.

Детали

Почеток:
15 јули, 2019
Крај:
16 јули, 2019
Настан Категорија: