Средба на претседателот Пендаровски со амбасадорот Дерек Мичел, претседател на Националниот демократски институт

4 ноември 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими амбасадорот Дерек Мичел, претседател на Националниот демократски институт (НДИ), регионалниот директор за Европа, Роберт Бенџамин и регионалниот директор на НДИ за Азија, Манприт Ананд, како и претставници на институтот од Северна Македонија.

На средбата, соговорниците разговараа за севкупните активности на НДИ во Република Северна Македонија во насока на поддршка на демократските процеси во државата, промоцијата на младинското лидерство, поддршка на невладиниот сектор, на изборниот процес, како и поддршка на маргинализирани групи.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за соработката и поддршката од НДИ за Претседателскиот центар за политичко образование и реализацијата на првата Школа за политики, како централна активност на центарот, која во себе обединува учесници со различно потекло и професионално минато и е насочена кон промоција на демократските вредности. Претседателот Пендаровски изрази очекување за продолжување на успешната соработка.

На средбата беа разменети мислења и информации за актуелните состојби во земјата и регионот, состојбата со ЕУ интеграциите, како и соработката на државата со САД.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во рамки на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов (1923 – 1982)“, што се одржува под негово покровителство во соработка со УНЕСКО. Воедно,...

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз оствари средба со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле. На средбата се разговараше за севкупната соработка на Република Северна Македонија со УНЕСКО, во контекст на 30-годишнината од нашето членство во...

Претседателот Пендаровски го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО во Париз

Претседателот Пендаровски го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО, каде што оствари средба со Жан-Франсоа Хуше, претседател на ИНАЛКО и средба со Фроса Пејоска-Бушеро, шеф на Катедрата за македонски студии при...

Конференција „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна – Вестфалија“ во организација на ПЦПО

Конференција „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна – Вестфалија“ во организација на ПЦПО

Во организација на Претседателскиот центар за политичко образование денеска во Скопје се одржа конференција на тема „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна - Вестфалија“. На отворањето на...