Претседателот Пендаровски го прими генерал-мајор Бајрам Бегај, началник на Генералштабот на Вооружените сили на Република Албанија

17 ноември 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими генерал-мајор Бајрам Бегај, началник на Генералштабот на Вооружените сили на Република Албанија, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

На средбата се разговараше за билатералната воена соработка меѓу двете држави, при што беше нагласено дека постои потенцијал за нејзино унапредување во следниот период.

Како успешен пример на соработка, соговорниците ги истакнаа учествата на двете армии во заеднички вежбовни активности, со што се зајакнува интероперабилноста и се подигнува нивото на обученост и подготвеност на припадниците на армиите. Тие изразија надеж дека соработката помеѓу двете армии во иднина ќе се продлабочува и ќе го достигне степенот на соработка на двете држави што го имаат на политичко и на економско ниво.

Претседателот Пендаровски изрази очекување дека Северна Македонија и Албанија, како соседи и полноправни членки на НАТО, ќе продолжат да ги усогласуваат своите ставови во контекст на соработката во Алијансата.

На средбата стана збор и за соработката на двете држави во рамките на регионалните иницијативи, кои се во насока на унапредување на стабилноста и безбедноста на регионот.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод празникот Свети Климент Охридски

Честитка од претседателот Пендаровски по повод празникот Свети Климент Охридски

Претседателот Стево Пендаровски, по повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Господин Господин Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима и до...

Ѓоргиевска: Потребна е зголемена будност и грижа за менталното здравје на жената без разлика на нејзината возраст, положба и статус.

Ѓоргиевска: Потребна е зголемена будност и грижа за менталното здравје на жената без разлика на нејзината возраст, положба и статус.

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше и се обрати на панел дискусијата „Здравјето не е само физичко -Ти ја имаш силата“ што се одржа во организација на НЕОКОРТЕКС - Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација. Во своето...

Сопругата на претседателот учествуваше на настанот „Едуцирај, ангажирај се, еманципирај: Панел-дискусија за превенција на адолесцентна бременост“

Сопругата на претседателот учествуваше на настанот „Едуцирај, ангажирај се, еманципирај: Панел-дискусија за превенција на адолесцентна бременост“

 Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше на настанот „Едуцирај, ангажирај се, еманципирај: Панел-дискусија за превенција од адолесцентна бременост“ што се одржа во Eвропска куќа, Скопје. ...

Отворен Кабинет за ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје

Отворен Кабинет за ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје

Во рамки на Отворен Кабинет, ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје, денеска го посетија Кабинетот на претседателот Пендаровски. За време на престојот, се сретнаа и...

Обраќање на претседателот Пендаровски на одбележувањето на 30 години од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост

Обраќање на претседателот Пендаровски на одбележувањето на 30 години од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на настанот со кој се одбележува 30-годишнината од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост.  Почитуван директор на Државниот завод, Почитувани...