Претседателот Пендаровски во посета на Ново Село и Струмица

10 април 2023 | Лице в лице со претседателот, Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“ денеска ги посети општините Ново Село и Струмица.

Во Ново Село на претседателот Пендаровски му беше претставен концептот „Форум во заедницата“, како втора фаза од проектот „Зајакнување на општинските совети“, чија цел е поголемо учество на граѓаните во процесите на одлучување во својата општина, подобрување на системот на локалната власт и севкупните услови за живот во локалните заедници, преку подобрување на законодавството и политиките, дигитализацијата на услугите, зголемената транспарентност и намалени можности за корупција.

Жителите на Ново Село денеска претставија шест проекти од областа на комуналната инфраструктура, од коишто самостојно ќе изберат еден кој ќе биде реализиран во нивната општина.

Претседателот Пендаровски изрази поддршка за проектот и посочи дека непосредното учество на граѓаните во процесите на одлучување во општините и политиките кои директно ги засегаат, придонесува за јакнење на локалната демократија.

„Учеството на граѓаните во процесот на одлучување во нивните општини е клучно за развојот на демократијата на локално ниво и преставува најдобар начин за канализирање на потребите и желбите на граѓаните. Или како што се вели – ништо за граѓаните, без граѓаните.  Нема реален напредок, без локален напредок. Без учество на граѓаните, најпрво во своите заедници, а понатаму и во пошироките општествени процеси, не можеме да зборуваме за демократија и развиена граѓанска држава. Ако процесите не почнуваат од долу кон горе, од основата кон врвот, тогаш е јасно дека политичарите не можат да направат никаква промена затоа што ќе ја немаат поддршката од граѓаните”, истакна во обраќањето претседателот Пендаровски, потенцирајќи ја важноста од вклучување и учество на младите во овие процеси.

Проектот се спроведува во десет општини и е финансиран од швајцарската Влада и Министерството за локална самоуправа, а е кофинансиран и имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП. На настанот се обратија градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божинов, постојаниот претставник на УНДП во земјава, Армен Григорјан и швајцарската амбасадорка, Вероник Улман.

Во Струмица претседателот Пендаровски ја посети семејната куќа на поранешниот претседател Борис Трајковски, каде со роднините на Трајковски споделија спомени за поранешниот претседател, неговата личност и за политиките што ги застапуваше.

Во Струмица, Претседателот се сретна и со шестгодишната Стефани Петковска која ја донираше својата коса за изработка на перики за децата болни од рак. Поздравувајќи ја храбрата постапка на младата хероина, претседателот изрази надеж дека нејзиниот пример ќе претставува мотив за сите останати во рамки на своите можности да им помагаат на ранливите групи и особено на децата кои се соочуваат со тешки болести, со цел полесно да ги надминат состојбите.

 

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Отворен Кабинет за основци од 3 скопски училишта и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје

Отворен Кабинет за основци од 3 скопски училишта и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје

Кабинетот на претседателот Пендаровски, во рамки на Отворен Кабинет денеска го посетија основци од училиштата „Мустафа Кемал Ататурк“, „Тихомир Милошевски”, „Гоце Делчев“, како и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје, посветено на едукативни активности за...

Сопругата на претседателот со најмладите во рамки на фестивалот „Литера“

Сопругата на претседателот со најмладите во рамки на фестивалот „Литера“

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера 2023“ што се одржува во Музејот на град Скопје. Во рамки на настанот, г-ѓа...

Средба на претседателот Пендаровски со Ден Шехтман, добитник на Нобелова награда за хемија во 2011 година

Средба на претседателот Пендаровски со Ден Шехтман, добитник на Нобелова награда за хемија во 2011 година

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Ден Шехтман, добитникот на Нобелова награда за хемија во 2011 година, кој престојува во посета на нашата држава во организација на Македонската академија на науките и уметностите и Сојузот на хемичари и технолози на...

Средба на претседателот Пендаровски со американскиот сенатор Крис Марфи

Средба на претседателот Пендаровски со американскиот сенатор Крис Марфи

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими американскиот сенатор Крис Марфи. На средбата се разговараше за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, за состојбите во поширокиот регион во контекст на руската агресија врз Украина, како и за аспирациите на...

Положување цвеќе по повод 24 Мај – Денот на Свети Кирил и Методиј

Положување цвеќе по повод 24 Мај – Денот на Свети Кирил и Методиј

Претставник од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, по повод одбележувањето на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј, денеска положи свежо цвеќе пред споменикот на светите Кирил и Методиј на плоштадот во Охрид и...