Средба на претседателот Пендаровски со претставници на Националниот сојуз на глуви и наглуви и Фолклорното здружение на глуви и наглуви „Традиција фолклор“

8 јуни 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Националниот сојуз на глуви и наглуви на Република Северна Македонија и Фолклорното здружение на глуви и наглуви „Традиција фолклор“.

Претставниците на сојузот го запознаа претседателот Пендаровски со тековните активности на организацијата, којашто веќе 75 години ги застапува правата и интересите на глувите и наглуви лица во нашата држава, а во себе обединува околу 8.000 членови.

Претседателот Пендаровски ја истакна важноста на делувањето на сојузот во насока на остварување на потребите и правата на глувите и наглуви лица, заложбите за промовирање и подигнување на свеста за постоењето на оваа група на граѓани и нивно прифаќање во општеството и изрази поддршка за напорите за натамошно подобрување на нивната положба во сите сфери од живеењето.

На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен и со активностите на фолклорното здружение на глуви и наглуви „Традиција фолклор“, формирано во 2019 година во рамки на Националниот сојуз на глуви и наглуви.

„Фолклорот е историско и културно наследство за глувите и наглуви во Република Северна Македонија“, порача претседателот Пендаровски на знаковен јазик.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Честитајќи ја годишнината, претседателот Пендаровски изрази задоволство од досегашниот развој на односите меѓу...

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Стево Пендаровски се обрати пред учесниците на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“ чиј домаќин е Народната банка на Република Северна Македонија. Во поздравното обраќање претседателот Пендаровски посочи дека овој форум на Иницијативата за...

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се...

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“...

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...