Претседателот Пендаровски прими делегација од Парламентарното собрание на ОБСЕ

14 ноември 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими претседателката и генералниот секретар на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Маргарета Седерфелт и Роберто Монтела.

На средбата се разговараше за претстојното претседавање на Република Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година, за актуелната состојба во организацијата од аспект на безбедносните случувања во Европа како и за досегашната соработка и можностите за нејзино продлабочување.

Соговорниците разменија мислења за подготовките кои се спроведуваат за преземање на претседавањето со ОБСЕ идната година, како и за приоритетите на македонското претседавање во 2023 година. Во таа насока, претседателот Пендаровски посочи дека земјава, со оглед на променетите безбедносни околности, ќе се фокусира на обнова на стабилноста преку враќање на дијалогот и довербата, додавајќи дека енергетската безбедност, еколошките прашања, почитување на човековите права и доброто владеење, како и младинските политики, ќе бидат дел од приоритетните задачи на нашето претседавање.

Претседателот се заблагодари за севкупната поддршка од Парламентарното собрание посочувајќи дека Северна Македонија ќе биде отворена за какви било конструктивни предлози кои имаат за цел да ја унапредат улогата на ОБСЕ за време на нашето претседавање, и изрази подготвеност за интензивна комуникација, координација и јакнење на заедничките активности.

На средбата, претседателот Пендаровски ја поздрави улогата на ОБСЕ и истакна дека Северна Македонија високо ги цени нивните напори во обезбедување на стабилноста, демократизацијата и социо-економскиот развој на регионот, како и негувањето и јакнењето на меѓупарламентарниот дијалог.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во рамки на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов (1923 – 1982)“, што се одржува под негово покровителство во соработка со УНЕСКО. Воедно,...

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз оствари средба со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле. На средбата се разговараше за севкупната соработка на Република Северна Македонија со УНЕСКО, во контекст на 30-годишнината од нашето членство во...

Претседателот Пендаровски го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО во Париз

Претседателот Пендаровски го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО, каде што оствари средба со Жан-Франсоа Хуше, претседател на ИНАЛКО и средба со Фроса Пејоска-Бушеро, шеф на Катедрата за македонски студии при...

Конференција „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна – Вестфалија“ во организација на ПЦПО

Конференција „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна – Вестфалија“ во организација на ПЦПО

Во организација на Претседателскиот центар за политичко образование денеска во Скопје се одржа конференција на тема „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна - Вестфалија“. На отворањето на...

Консултативна средба за предлог-Законот за донирање на вишок на храна во Кабинетот на претседателот

Консултативна средба за предлог-Законот за донирање на вишок на храна во Кабинетот на претседателот

Во Кабинетот на претседателот денеска сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска беше домаќин на консултативна средба за предлог-Законот за донирање на вишок на храна. На средбата присуствуваа министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска,...