Обраќање на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска на Конференцијата „Од марш за работнички права до дигитална економија“

14 март 2022 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, денеска се обрати на отворањето на Конференцијата „Од марш за работнички права до дигитална економија“ што се одржа во организација на Центарот за управување со промени, а под нејзино покровителство.

Почитувани присутни,

Дами и господа,

Благодарна сум на Центарот за управување со промени за поканата да се обратам на оваа конференција. Истовремено ми претставува чест да бидам покровител на настан со толку инспиративна и предизвикувачка тема: од марш за работнички права до дигитална економија.

Конференцијата, како што сите знаеме, се одржува во период на голема неизвесност, помеѓу пандемијата која што полека стивнува и воениот конфликт што се разгорува. Помалите економии, каква што е македонската, диспропорционално ги чувствуваат ефектите од кризите.

Искуствата од големите економски кризи на 20 век покажуваат дека први на удар најчесто се жените. Но, исто така, расположливите податоци зборуваат дека токму жените кои се избориле за своите работнички права имале клучна улога во економското закрепнување на своите држави. Според најрелевантните меѓународни студии рамноправното учество на жените на пазарот на трудот го поттикнува економскиот раст и создава вредност за целото општество. Компаниите кои на раководни позиции имаат и жени се честопати поуспешни поради пошироките видици и перспективи. Државите со поголема родова избалансираност многу побрзо и многу полесно ги пребродуваат економските кризи.

Кога ќе се земат предвид придобивките на рамноправното учество на жените на пазарот на трудот и во претприемништвото, се наметнуваат следните прашања: зошто, и покрај овие аргументи, многу земји во светот, меѓу кои и Република Северна Македонија, заостануваат во остварувањето на родовата избалансираност? Зошто постои „стаклениот плафон“ што го попречува кариерното напредување на жените во компаниите? Зошто, дури и да успеат да напредуваат, честопати жените се помалку платени од нивните мажи-колеги?

Северна Македонија има успешни жени претприемачки. Вие, тука присутните, сте дел од нив. Со вашите професионални успеси вие сведочите дека нема област во која жените не можат да бидат на раководни позиции и да создаваат вредност за своите компании. Но, проблемот е што на жените претприемачки се уште се гледа како на исклучок од правилото.

Причините вклучуваат општествени стереотипи што ги делат професиите на „машки“ и „женски“, но и системски недостатоци – недоволен број на градинки за децата и служби за грижа за старите и болни лица. Свеста за рамноправноста треба да се гради од најрана возраст и континуирано низ сите етапи на образованието.

Пандемијата со Ковид-19 дополнително го прошири јазот, и тоа на две нивоа. Од една страна, многу жени претприемачки мораа истовремено да работат од дома и да се грижат за своите семејства поради здравствените протоколи и онлајн наставата.

Од друга страна, пандемијата го забрза процесот на дигитализација и автоматизација, што неминовно ќе се одрази на пазарот на трудот и на економијата. Во март 2021 година, Светскиот економски форум го издаде својот последен извештај за индексот на глобален родов јаз. Извештајот покажува дека родов паритет е постигнат само во оние професии на иднината поврзани со културата и создавањето содржини. Во останатите кластери на професии на иднината има голема нерамноправност меѓу мажите и жените. Овој јаз е поголем токму во секторите што бараат иновативни дигитални и технички знаења и вештини, а врз кои се темели дигиталната економија. Ваквата нееднаквост на можностите го успорува економскиот раст и развој на државата.

Почитувани присутни,

Економската криза не само што не смее да биде изговор за исклучување, туку е причина што повеќе да се зголеми вклучувањето на жените во претприемништвото. За полесно да ја пребродиме оваа криза, како држава и како општество мора да вложуваме во се уште недоволно искористениот потенцијал на женското претприемништво.

Декларативните заложби за еднаквите можности меѓу жените и мажите треба да бидат преточени во конкретни дела предвидени со Стратегија за развој на женското претприемништво во Република Северна Македонија. Сите ние треба да придонесеме кон создавање на поволен деловен амбиент, системска поддршка и инфраструктура за развој на женското претприемништво, и да вложуваме во промоција, во вмрежување и застапување за жените во бизнисот. Тоа вклучува носење и на законски решенија и добра контрола за нивната имплементација.

Сево ова значи дека борбата за правата на жените што започнува во 19 и 20 век, е далеку од завршена работа. Ние не треба да се бориме само за поголемо учество во традиционалните професии од кои некои неминовно ќе исчезнат, туку да се залагаме за што поголемо учество на жените во новите, иновативните професии. На тој начин ќе осигураме жените да бидат витален дел и од дигиталната економија.

Само така ќе изградиме претприемачки еко-систем за постојан развој на женското претприемништво. Само така ќе ја оствариме визијата за зајакнато женско претприемништво како сила која придонесува кон создавање на поволна бизнис клима, кон развој на постоечките и отворање на нови претпријатија и индустрии, креирање на нови работни места и професии, а со тоа и јакнење на целокупната економија.

Во таа смисла, на самиот крај, ви посакувам успешна конференција.

Ви благодарам.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, утре – 29 март 2023 година, среда, ќе биде домаќин на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија, во придружба на неговата сопруга, Дорис...

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Шаховска Федерација на Македонија. На средбата беше разговарано за тековните активности на федерацијата, учеството на меѓународни натпревари, организирањето на европски...

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата беше изразено...

Делегација од Кабинетот на претседателот  положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Генералниот секретар при Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Миле Бошњаковски, денеска, 26 март 2023 година, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред Споменикот на Бранителите во паркот „Жена борец“ во Скопје, во чест на бранителите, кои...

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Честитајќи ја годишнината, претседателот Пендаровски изрази задоволство од досегашниот развој на односите меѓу...